Во последните неколку години, природните суплементи и антиоксиданси привлекуваат сѐ поголемо внимание, а меѓу нив се истакнува кверцетин, кој е познат по своите бројни здравствени придобивки. Кверцетин е флавоноид од растително потекло, кој има силно антиоксидантно дејство, па затоа е корисен во борбата против хроничните воспаленија. Покрај тоа, тој е познат по своите антиинфламаторни и антимикробни својства. Кверцетин може да се користи како додаток во исхраната со цел да се зајакне имунитетот и да се подобри општото здравје и благосостојба.
Кверцетин е биоактивна молекула, која природно е присутна во многу растенија и зеленчуци. Се карактеризира со силни антиинфламаторни, антиоксидативни и антимикробни својства, што го прави ефикасен во заштитата на клетките од оштетување, оксидативен стрес и воспаленија. Кверцетин функционира како заштита на телото од слободни радикали – нестабилни молекули кои можат да ги оштетат ДНК, клеточните мембрани и протеините, што доведува до клеточно стареење и потенцијален развој на болести.
Кверцетин има способност да го поттикне производството на глутатион – еден од најсилните антиоксиданси кој се произведува во нешето тело. На овој начин кверцетин може да го зајакне имуниот систем и да дејствува моќно во бробата против инфекциите. Покрај тоа, кверцетин може да има антиалергиски ефект, бидејќи го намалува производството на хистамини, кои се медијатори во алергиските реакции. Истражувањата покажуваат дека кверцетинот може да ги намали симптомите кои се јавуваат при алергии, како што се чешање, кивање и црвенило на кожата.
Кверцетин се наоѓа во многу овошја, зеленчуци и други растителни продукти. Дел од плодовите кои природно содржат кверцетин се јаболката – особено кората содржи големи количини на кверцетин, потоа црниот чај, црвеното грозје и црвеното вино. Богати со кверцетин се и зелените лиснати зеленчуци, како кељ и зелка, потоа црешите боровинките, и други видови бобинки. Редовна конзумација на овие намирници може да допринесе за поголем внес на антиоксиданси во организмот. Исто така, кверцетинот може да се најде на пазарот во облик на различни додатоци на исхрана.
Хроничните воспаленија се основата на развој на многу болести, како што се кардиоваскуларни заболувања, артритис, астма и некои видови рак. Кверцетин се истакнува со своите антиинфламаторни својства, што значи дека може да ја намали активноста на воспалителните процеси во телото. Oвој флавоноид може да помогне при намалување на болката и отокот кај пациенти со воспалителни болести, како што се остеоартритис и реуматоиден артритис. Тој го инхибира дејството на специфични ензими и молекули кои се медијатори на воспалителните реакции и болка во телото, како што е ЦОX-2 (ензимот циклооксигеназа-2). Борејќи се против слободните радикали и зголемувајќи го производството на ендогени антиоксиданси во телото, кверцетин ги заштитува клетките од оштетување и предвремено умирање. Потоа, најновите истражувања покажуваат дека кверцетин има способност да го заштити црниот дроб од ефектите на различни токсични материи.
Кверцетин е моќен природен флавоноид и антиоксиданс со бројни здравствени придобивки. Природен извор на кверцетин се различните овошја, како грозје, бобинки јаболка, брокули и други лиснати зеленчуци. Сепак поголеми количини на кверцетин може да се внесат како додатоци во исхраната. Со своите силни антиинфламаторни и антиоксидативни својства, тој ги заштитува клетките од оштетување, помага во справување со хроничните воспаленија, го зајакнува имунитетот и заштитува од инфекции.