Остеопороза е болест која најчесто се јавува кај повозрасни лица и претставува голем здравствен проблем. Во светски рамки се смета дека секоја трета жена и секој петти маж на возраст над 50 години боледуваат од остеопороза. Се предвидува дека оваа бројка ќе расте во иднина поради зголемување на бројот на старата популација во светот.
Остеопороза е болест при која коските стануваат слаби и кршливи. Таа е предизвикана од зголемена разградба на коскеното ткиво, што води до изменета структура на коските. Кај лицата кои страдаат од остеопороза лесно може да настанат скршеници при мал стрес како паѓање, седнување, завртување и кашлање. Најчесто скршениците при остеопороза настануваат на колкот, пршлените или рачниот зглоб. Скршениците може да ги направат пациентите неподвижни и истите имаат голема потреба од туѓа нега. Остеопорозата се јавува почесто кај жените, а напредната возраст го зголемува ризикот од остеопороза. Недостаток на калциум и витамин Д и неактивниот начин на живот, исто така претставуваат важни фактори на ризик. Појавата на остеопороза е почеста кај пушачи и лица кои конзумираат алкохол.
Најефективна метода за управување со остеопорозата е нејзина рана дијагноза и превенирање на скршеници. Откривањето на болеста се изведува со помош на Dexa – скен. Најчесто препишувани лекови во третманот на остеопороза се бисфосфонатите, кои го намалуваат губитокот на коскена маса.
Мерки за превенција на остеопорозата се балансирана исхрана со внес на доволни количини калциум и витамин Д и секојдневна физичка активност.
Калциливин е додаток во исхраната, создаден во Германија, кој содржи три природни состојки кои го подобруваат здравјето на коските.
Oleuropein (олеуропеин) е соединение кое е застапено во зелените маслинки и маслиновите лисја. Со своите антиоксидантни својства позитивно влијае на клетките кои ги формираат коските (остеобласти).
Околу 99% од калциумот во телото се наоѓа во состав на хидроксиапатит во коските и забите. Повеќе од 60% од луѓето не внесуваат доволно калциум со исхраната. Додатоците во форма на калциум цитрат и калциум карбонат можат да ја намалат апсорпцијата на фосфор и да го нарушат соодносот на фосфор-калциум во коските. Од друга страна, хидроксиапатитот во форма на калциум-фосфат ги обезбедува овие две важни компоненти во правилен сооднос за изградба на коскеното ткиво.
Витаминот Д3 е неопходен за апсорпција на калциум и фосфор во цревата, а негов недостаток го зголемува ризикот од скршеници. Истовремен внес на Витамин Д3 и калциум има најдобар ефект за зачувување на цврстината на коските.
Остеопороза е болест која е во подем во светски рамки. Лицата кои страдаат од остеопороза се со зголемен ризик за појава на скршеници, што ги остава онеспособени и зависни од туѓа нега. Додатоците како Калциливин, кој содржи природни состојки, можат да придонесат за подобрување на здравјето на коските и да помогнат во превенцијата и третманот на остеопорозата. Затоа, свеста за важноста на калциумот и витамин Д, како и активниот начин на живот, се основни за одржување на здрави кости во зрелите години.