Витамин Д: Клуч за подобар имунитет!

Витамин-Д-Клуч-за-подобар-имунитет!

Витамин Д е еден од најважните витамини за одржување и подобрување на нашето здравје. Тој е клучен за правилно функционирање на имуниот систем, одржување на здрави коски и заби, како и за регулирање на многу физиолошки процеси во нашето тело. Сè повеќе истражувања укажуваат на неговата важност, особено во превенцијата на многу болести.  Сепак, недостатокот на витамин Д претставува сè почест проблем, особено во современите урбани средини.

Што претставува витамин Д и која е неговата улога?

Витамин Д е витамин растворлив во масти, кој се создава природно во нашата кожа при изложеност на сончева светлина, но може да се внесе и преку одредени намирници или додатоци во исхраната. Тој има важна улога во регулирањето на нивото на калциум и фосфор во крвта. Ова го прави неопходен за одржување на здрави коски и заби, но и за правилна работа на мускулите и нервниот систем.

Што претставува витамин Д и која е неговата улога

Освен тоа, витаминот Д има позитивно влијание врз имунолошкиот систем, бидејќи помага во зајакнување на одбраната на организмот од инфекции. Овој витамин ја поддржува активацијата на имуните клетки, го балансира производството на проинфламаторни и антиинфламаторни цитокини и го подобрува здравјето на кожата и слузницата, кои се прва линија на одбрана од микроорганизмите. Одржување на оптимално ниво на витамин Д во организмот може да ја намали појавата на настинки, грип и други инфекции. Во последните години, витаминот Д се поврзува и со менталното здравје, а истражувањата покажуваат дека лицата со недостиг на витамин Д се повеќе склони кон депресија.

Недостаток на витамин Д: Симптоми и последици!

Недостаток на витамин Д е глобален проблем, кој е особено присутен кај лица кои минуваат многу време во затворени простории или живеат во региони со малку сончева светлина. Симптомите на недостаток на витамин Д честопати се суптилни и се појаваат постепено. Најчести знаци се замор, чувство на слабост и болки во коските и мускулите. Може да се забележи намалена отпорност на инфекции, како и промени во расположението. Долготраен недостаток на витамин Д може да доведе до сериозни здравствени последици.

Кај децата може да се развие рахитис, состојба која предизвикува омекнување и деформација на коските.

Кај возрасните, недостатокот може да доведе до остеомалација, предизвикувајќи болка и слабост на коските, како и до остеопороза, која значително го зголемува ризикот од фрактури. Освен тоа, ниското ниво на витамин Д е поврзано со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и автоимуни болести.

Извори на витамин Д!

Извори на витамин Д!

Најважен природен извор на витамин Д е сончевата светлина. Во нашата кожа се содржи соединението 7-дихидрохолестерол, кое се претвора во витамин Д под влијание на ултравиолетовите зраци од сонцето. Покрај овој приорден начин на создавање, витаминот Д може да се внесе и преку храната. Хранливи намирници богати со витамин Д се масните риби, како лосос, скуша и сардини, потоа јајцата, црниот дроб и печурките. За луѓето кои живеат во предели каде што не се добива доволно сончева светлина во текот на годината, неопходни се додатоци во исхраната, кои се ефикасни за внес на оптимални количини на витамин Д.

Заклучок

Витаминот Д е есенцијален витамин за одржување и подобрување на нашето здравје. Тој игра важна улога во правилното функционирање на имуниот систем, здравјето на коските и заби, и во регулирањето на многу физиолошки процеси во телото. Недостатокот на витамин Д може да има сериозни последици, како болки во коските, чести настинки и промени во расположението. Природни извори на витамин Д, се сончевата светлина и одредени намирници, но во региони со недоволна сончева светлина, додатоци во исхраната  се неопходни за одржување на оптимални н

Footer-Outline