Очите се едни од најважните сетилни органи кои ги поседуваме. Тие ни овозможуваат да го доживееме светот околу нас и да водиме активен и исполнет живот. Многу заболувања можат да го загрозат здравјето на очите и да го нарушат нашиот вид, а едно од нив е атрофија на оптичкиот нерв. Оваа состојба може да има сериозни последици врз способноста за гледање. Во овој текст ќе разгледаме што претставува атрофија на оптичкиот нерв, кои се нејзините симптоми, како и можностите за превенција и третман.
Основна функција на оптичкиот нерв е пренос на визуелни информации од очите до центарот за вид во мозокот. Атрофија на оптичкиот нерв претставува состојба при која доаѓа до оштетување на нервот. Постојат неколку различни причини кои водат до појава на атрофија на оптичкиот нерв, а меѓу главните се вбројуваат нарушена циркулација, глауком, повреди, воспаленија или хронични заболувања.
Исто така, неколку ретки генетски заболувања и синдроми причинуваат наследна оптичка атрофија. Сепак, најчеста причина за појава на атрофија на оптичкиот нерв е нарушена циркулација, која предизвикува несоодветен доток на крв и нарушена исхрана на оптичкиот нерв. Без соодветен третман, нервните клетки се оштетуваат, што може да резултира со трајни последици, како нарушен вид и слепило.
Симптомите на атрофија на оптичкиот нерв најчесто се јавуваат постепено. Обично започнуваат со замаглување на видот, кое не се подобрува со корекција на диоптрија. Чувствителноста на бои може да се намали, а периферниот вид често се стеснува. Во напреднати случаи, може да дојде до целосен губиток на видот на едното или двете очи.
Дополнително, болка при движење на окото или појавата на “слепи точки” во видното поле може да бидат показатели за посериозно оштетување. Овие симптоми бараат итна посета на офталмолог за да се потврди дијагнозата и да се започне со третман.
Превенцијата и соодветниот третман можат да ја успорат или спречат прогресијата на болеста. Превенцијата вклучува редовни офталмолошки прегледи, одржување на здрав начин на живот и контрола на хроничните заболувања како што се дијабетес и хипертензија, кои што водат до нарушен доток на крв до оптичкиот нерв.
Citioptic Forte е додаток во исхраната, во форма на капсули, кој содржи комбинација на есенцијални хранливи состојки ,кои го поддржуваат здравјето на оптичкиот нерв. Една од главните состојки е цитиколинот, прекурзор на фосфолипидите, кој овозможува да се зачуваат структурните карактеристики на нервните клетки и го подобрува нивниот метаболизам.Капсулите CItioptic Forte ги содржат витамините Б3 и Б1, кои се неопходни во третманот на глауком, како додаток на терпијата за намалување на очниот притисок. Citioptic Forte е производ кој го спречува невронското и васкуларното оштетување , заштитувајќи ги клетките на оптичкиот нерв од исхемичен и оскидативен стрес.
Атрофијата на оптичкиот нерв е сериозна состојба која може да го загрози здравјето на нашите очи и да го наруши видот, но раното препознавање на симптомите и навремената интервенција можат да го забават нејзиниот развој. Редовните офталмолошки прегледи и употребта на додатоци на исхраната, како Citioptic Forte, кои го поддржуваат здравјето на оптичкиот нерв, имаат клучна улога во зачувување на видот.