Витамин Ц е еден од најважните витамини за нашето здравје. Тој овозможува правилна функција на нашиот имун систем. Витамин Ц е моќен антиоксиданс кој учествува во отстранување на штетните слободни радикали од нашето тело. Витаминот Ц е откриен во 1912 година и е првиот витамин кој бил создаден како додаток за исхрана.
Растителна храна е најдобар извор на витамин Ц. Кога ќе го спомнеме овој витамин веднаш помислуваме на портокал, лимон, грејпфрут или мандарини. Сепак, најбогато овошје со витамин Ц е шипинката, која содржи 426мг витамин Ц на 100 грама, што е скоро еднакво на една таблета. Магдоносот, кивите, брокулите и јагодите содржат повеќе витамин Ц, во споредба со портокалите.
Препорачани дневни дози на витамин Ц кај здрави возрасни лица се 75-90мг на ден, додека кај зголемени потреби и при терапија дозата е 500мг. Не постои голема опасност од прекумерна употреба на витамин Ц бидејќи овој витамин е растворлив во вода и се исфрла преку урината. Но, долготрајна употреба на високи дози може да предизвика грчеви во стомакот, гадење и формирање на камења во бубрег.
Витамин Ц дејствува како моќен антиоксиданс и го штити нашето тело од слободни радикали, кои предизвикуваат предвремено стареење и оштетување на ткивата. Витамин Ц му помага на нашиот имун систем така што ја поддржува функцијата на имуните клетки, ја заштитува епителната бариера на кожата и ја олеснува апсорпцијата на железо. Дополнително, намалено ниво на витамин Ц во организмот не’ прави поподложни на инфекции.
Најчести симптоми при недостаток на витамин Ц се:
Сериозен недостик на витамин Ц ја предизвикува болеста скорбут, која во минатото се јавувала најчесто кај морнарите кои оделе на долги патувања, без можност да конзумираат свежо овошје и зеленчук. Во денешно време се среќава кај луѓе со несоодветна исхрана, алкохолизам, ментални нарушувања и постари лица. Зголемена потреба од Витамин Ц имаат бремените жени и доилки, децата, пушачите и лицата изложени на чад од цигари или загадување на воздухот.
Витаминот Ц со право се смета за чувар на нашето здравје. Може да се заклучи дека тој е еден од најважните витамини за одржување на силен имунитет и отпорност кон инфекции. Најдобар начин за внес на доволни количини витамин Ц е разновидна и здрава исхрана, богата со свежо овошје и зеленчук. Особено внимание на доволен внес на витамин Ц треба да обрнеме за време на зголемен стрес и во периоди на сезонски настинки.