Една од главните карактеристики на коскеното ткиво е неговата постојана динамична ремоделација, со цел да ги одржи своите функции и структура. Коскеното ткиво не само што обезбедува механичка поддршка на телото, туку има и витална улога во складирање на минерали, како што се калциум и фосфор. Процесот на разградба и обнова на коските е суштински за одржување на нивната јачина и за адаптација на телото на различни физички оптоварувања. Коскената ремоделација се должи на сложен баланс помеѓу активностите на коскените клетки и влијанието на хормоните, минералите и начинот на исхрана. Правилното одвивање на овој процес во телото е од суштинско значење за спречување на остеопороза и фрактури.
Остеогенеза, односно создавањето на коските е комплексен процес кој вклучува интеракција на повеќе типови клетки и протеини. Овој процес започнува од активноста на остеобластите, специјализирани клетки, кои го создаваат коскениот матрикс. Тие произведуваат органска супстанца богата со колаген, која подоцна подложи на минерализација со калциум и фосфор за да формира цврст матрикс.
Подеднакво важна за процесот на ремоделирање е и активноста на остеокластите, клетки кои го разградуваат старото коскено ткиво. Балансот меѓу активностите на остеобластите и остеокластите го одредува здравјето на коските. Овој динамичен процес се одвива постојано, со тоа што старото и оштетено коскено ткиво се заменува со ново и здраво.
Еден од најважните аспекти на создавањето и обновата на коските е минерализацијата. За овој процес, калциумот и фосфорот се клучни минерали, но и други елементи како магнезиумот, витамините Д и К, како и протеините играат важна улога.
Обновата на коскеното ткиво е под влијание на различни фактори, меѓу се вбројуваат начинот на живот, возраста, хормоналниот статус и исхраната. Редовна физичка активност, особено вежби кои предизвикуваат оптоварување на коските, како што се трчање и кревање тегови, го стимулираат создавањето на ново коскено ткиво. Исхрана богата со калциум, фосфор, магнезиум и витамини Д и К е од суштинско значење за поддршка на коскеното здравје.
Хормоналниот баланс, особено на естрогенот и паратироидниот хормон (ПТХ), исто така директно влијае на активноста на остеобластите и остеокластите. Ниското ниво на естроген по менопаузата кај жените го зголемува ризикот од развој на остеопороза. Исто така со стареењето, процесот на ремоделирање на коските се забавува, што води до губење на коскена маса и зголемен ризик од фрактури. Одредени заболувања и лекови, како на пример кортикостероиди, можат негативно да влијаат на обновата на коските.
Грижата за здравјето на коските често бара комбиниран пристап, кој вклучува промена на животниот стил, урамнотежена исхрана и употреба на суплементи.
Calcilivin е природен додаток во исхраната кој е специјално дизајниран за да го подобри здравјето на коските и да го поттикне процесот на нивна обнова. Calcilivin содржи екстракт од сув лист од маслинка, богат со олеуропеин, природно соединение со антиоксидантни својства, кои го поддржуваат формирањето на коските. Друга важна компонента на Calcilivin е калциумот во форма на калциум трифосфат, кој обезбедува калциум и фосфор во соодветни пропорции за правилна изградба на коскеното ткиво. Третата компонента е втаминот Д, неопходен за апсорпцијата на калциум и фосфор во цревата.
Овој суплемент е наменет за лица кои имаат зголемена потреба за калциум или ризик од губење на коскена маса, како што се постарите лица, жени по менопауза или спортисти. Редовната употреба на Calcilivin може да помогне во зајакнување на коските, спречување на фрактури и подобрување на општата состојба на мускулно-скелетниот систем.
Коскеното ткиво постојано се обновува, благодарение на синергичната активност на коскените клетки и минерализацијата на коскениот матрикс. Процесот на градење и ремоделирање на коските зависи од бројни фактори, како што се начинот на живот, исхраната и возраста. За одржување на здравјето на коските, потребен е интегриран пристап кој комбинира физичка активност, правилна исхрана и употреба на суплементи во исхраната, како што е Calcilivin. Со негова помош, може да го подобриме здравјето на коските и да спречиме појава на заболувања како остеопороза и патолошки фрактури.