Должина на менструален циклус и нејзиното значење за женското здравје!

Должина-на-менструален-циклус-и-нејзиното-значење-за-женското-здравје

Менструалниот циклус е важен показател за состојбата на женското здравје и репродуктивна функција. Иако просечната должина на циклусот изнесува околу 28 дена, нормалниот распон може да варира од 21 до 35 дена. Различни фактори влијаат на неговата должина, а промените во циклусот можат да укажат на одредени здравствени проблеми. Затоа е важно секоја жена да го следи својот циклус – не само заради одредување на плодните денов, туку и заради целокупното здравје.

Фактори кои влијаат на должината на менструалниот циклус!

Должината на менструалниот циклус може да варира од месец во месец, под влијание на многу фактори. На цикличноста на менструацијата влијаат нивоата на хормоните естроген, прогестерон, LH и FSH, кои варираат во текот на месецот. Нивото на естроген постепено расте до средината на циклусот, односно овулацијата. Прогестерон е главниот хормон на лутеалната фаза. Тој е низок пред овулацијата, а по неа расте и потпомага во одржување на потенцијалната бременост. Кога нивоата на LH и FSH се покачени доаѓа отпочнување на овулацијата. Одредени промени во нормалните концентрации, како и цикличноста на овие хормони може да ја нарушат должината на менструалниот циклус.

Фактори кои влијаат на должината на менструалниот циклус!

Стресот, како психолошки фактор, може да предизвика промени на должината на менструалниот циклус. Здравствени состојби, како што се полицистични јајници (PCOS) и хипотиреоза, исто така можат да влијаат на редовноста на менструацијата. Возраста, особено во пубертетот и периодот пред менопауза, е уште еден важен фактор, бидејќи во овие фази хормоналните промени се чести. Промените во телесната тежина и навиките во исхрана, исто така, можат да предизвикаат варијации во циклусот.

Како должината на менструален циклус влијае на женската плодност?

Редовен менструален циклус укажува на правилно функционирање на женскиот репродуктивен систем. Кратки или продолжени менструални циклуси може да укажуваат на отсуство на овулација. На пример, кај нерегуларните циклуси може да се јават потешкотии во завременувањето, бидејќи не можеме да бидеме сигурни кога точно во текот на месецот се случува овулацијата. Затоа, разбирање на промените кои се случуваат за време на менструалниот циклус може да помогне во подобрување на шансите за зачнување.

Кога е потребно да се консултирате со лекар за должината на циклусот?

Кога е потребно да се консултирате со лекар за должината на циклусот

Консултација со вашиот лекар е важна ако забележите значителни промени и варијации во должината на менструалниот циклус. Потребно е да побарате помош од вашиот гинеколог доколку циклусот трае помалку од 21 ден или повеќе од 40 дена. Појава на силни болки, обилно крварење, долги паузи помеѓу циклусите или проблеми со забременување се дополнителни причини за гинеколошка контрола.

Заклучок

Должината на менструалниот циклус е важен индикатор за женското здравје и плодност. Ако забележите значителни промени и нередовност во циклусот, важно е да се консултирате со лекар за да добиете соодветна поддршка и третман. Со правилно разбирање и следење на менструалниот циклус, како и редовни гинеколошки контроли можете да го подобрите своето репродуктивно здравје и плодност, и да превенирате сериозни заболувања.

Footer-Outline