
ХПВ е вирусна инфекција, предизвикана од хуман папилома вирус, кој најчесто ги афектира кожата и слузокожата на гениталниот регион. Постојат повеќе од 200 типови на ХПВ, од кои дел предизвикуваат брадавици на кожата или гениталиите, додека други – особено висикоризичните типови – доведуваат до сериозни заболувања, како рак на грлото на матката.
Хуман папилома вирус е ДНК вирус од фамилијата Papillomaviridae. ХПВ се пренесува преку директен контакт со заразена кожа или слузокожа, најчесто при сексуален однос. Може да се инфицираат и двата пола, а вирусот се пренесува дури и кога нема видливи промени на кожата, односно инфицираното лице може да биде несвесен преносител.
Од 200 различни типови на ХПВ, 15 се сметаат за високоризични, со докажан онкоген потенцијал. Тие се поврзуваат со развој на рак на грлото на матката, вагината, вулвата или пак грлото (орофарингеален карцином). ХПВ 16 и ХПВ 18 се најпознати и најчести причинители на рак на грлото на матката.
Најефективен начин за спречување на ХПВ инфекција е преку вакцинација, која штити од наризичните типови на вирусот. Вакцината е најефективна ако се прими пред сексуална активност, но исто така може да биде корисна и за лица кои веќе се сексуално активни. Исто така, употребата на кондоми при секој сексуален однос значително го намалува ризикот од пренос на ХПВ.
Силаут е наменет за лекување на интраепителните лезии предизвикани од ХПВ и од сувост на вагиналната лигавица. Гелот формира заштитна бариера, која помага во процесот на реепитализација и ги третира воспалителните и дистрофични промени.
Силаут може да се користи и за лекување на сувост на вагиналната лигавица и вулва, после третман со дијатермокоагулација или колпоскопија, како и по третман на кондиломи на вулвата. Освен тоа, смирувачки делува и кај лезии кои предизвикуваат чешање и болка, формирајќи заштитен филм кој ги подобрува условите за заздравување на епителот.
Според клиничкото истражување од Ангелова и сор., објавено во International Journal of Current Research во декември 2016 година, Силаут помага во заздравување на интраепителните лезии. Силаут има докажан ефект како комбинирана терапија против вируси обложени со липиди, вклучително ХПВ, Херпес симплекс тип 1 и 2.
Оваа студија ја истражува примена на Силаут терапија за лечење на ХПВ инфекцијата кај пациенти со цитолошки абнормалности. Терапијата е комбинација од заштитниот крем Силаут и орален имуномодулатор, применети во текот на три месеци. Резултатите покажуваат значително подобрување на состојбата на лезиите и регресијата на ПАП тестот, со негативизација на ХПВ кај 78% од пациентите по 6 месеци. Дополнително, пациентите имале и намалување на симптомите како чешање и печење.
Инфекција со ХПВ е честа сексуално пренослива болест, која може да доведе до сериозни последици по здравјето. Навремена дијагноза и третман се клучни за спречување на прогресијата и потенцијалните компликации. Најдобри превентивни мерки се навремена вакцинација и користење заштита при сексуален контакт. Кај веќе постоечки лезии, ефикасен е гелот Силаут, самостојно или во комбинација со други методи на третман. Примената на оваа терапија доведува до регресија на интраепителните промени и негативизација на ХПВ, како и значително намалување на симптомите на чешање, печење и болка.