ПМ честички се ситни партикли кои се наоѓаат суспендирани во воздухот. Тие не можат да се видат со голо око, па затоа претставуваат скриена опасност по здравјето. Воздушното загадување, особено ПМ честичките, има големо влијание на јавното здравје. Научните истражувања укажуваат на врска помеѓу хроничната изложеност на ПМ честички и бројни респираторни и кардиоваскуларни заболувања, вклучително астма, ХОББ, срцев и мозочен удар. Се смета дека аерозагадувањето е еден од водечките ризици по здравјето, со милиони смртни случаи на глобално ниво годишно.
ПМ честичките се честички кои се суспендирани во воздухот и можат да бидат составени од различни хемикалии, чад, смог, прашина и аеросоли. Според нивната големина и ефектите кои ги имаат врз здравјето на луѓето тие се поделени на два типа. Поголемите се нарекуваат ПM10 честички и имаат дијаметар помал од 10 микрометри. Најчесто се составени од полен, спори и други ситни цврсти честички. Имаат способност да навлезат само во горниот дел од респираторниот систем, бидејќи нивната големина овозможува да бидат запрени од носната слузница и влакненца. Поопасни се поситните честички, односнo ПM2,5 (со дијаметар под 2,5 микрометри), кои можат да навлезат до бронхиолите и алвеолите на белите дробови, па дури и да преминат во крвотокот, на тој начин ширејќи се низ целото тело. Оваа фракција најчесто е производ на процеси на согорување фосилни горива во индустријата, сообраќајот и земјоделството. Овие човечки активности создаваат ПM честички кои содржат токсични метали, органски соединенија и други штетни материи.
ПМ честичките, особено ПМ2.5 и ПМ10, имаат сериозни негативни ефекти на здравјето. Нивното присуство во респираторниот систем предизвикува воспаление и го зголемува ризикот од респираторни заболувања како астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Долгорочна изложеност на овие честички е поврзана со зголемен ризик од појава на атеросклероза, инфаркт, мозочен удар.
Најзасегнати од ефектите на ПМ честичките се децата, старите лица и лицата со хронични болести. Долгорочна изложеност на загаден воздух кај децата предизвикува нарушувања во развојот на белите дробови и негативно влијае на когнитивниот развој. Кај постарите лица изложеноста на ПМ честички ги зачестува егзацербациите на астма и хроничен бронхитис. Исто така, токсичните супстанци кои се дел од ПМ честчките, како тешки метали и органски соединенија, имаат канцероген ефект и го зголемуваат ризикот од развој на рак на белите дробови.
Најдобра заштита од ПМ честичките е што помала изложеност на загаден воздух и истовремено користење на назален спреј, кој го спречува навлегувањето на честичкте во нашите дишни патишта.
Nasaleze PM Shield е назален спреј во облик на прав, кој овозможува 6 часовна заштита од ПМ2,5 честичките. Тој делува така што целулозниот прав во носот се претвора во гел што создава заштитна бариера која ги заробува ПМ честичките и не дозволува тие да продрат подлабоко во дишните патишта. Nasaleze PM Shield е наменет за превентивен третман и се користи пред да се изложите на потенцијално загадена средина.
ПМ честичките претставуваат сериозен ризик по здравјето, особено за лица кои веќе страдаат од хронични заболувања. Развивање на свест за ризиците од изложеност на ПМ честички е важно за заштита на здравјето на нашиот респираторен систем. Нивното присуство во воздухот, предизвикано од индустријата и сообраќајот, може да доведе до развој на респираторни и кардиоваскуларни заболувања и да го зголеми ризикот од рак. Затоа, неопходна е имплементација на мерки за намалување на загадувањето и примена на превентивни стратегии, меѓу кои спаѓа користењето на назален спреј како Nasaleze PM Shield.