Капиларите се најмалите крвни садови во телото, кои овозможуваат размена на кислород, хранливи материи и отпадни материи меѓу крвта и ткивата. Кога нивната структура е нарушена, тоа може да доведе до разлчични здравствени проблеми, недоволно снабдување со кислород, намалена циркулација и крварење. Кверцетинот е природен флавоноид, кој со своите моќни антиоксидативни и антиинфламаторни својства, помага во зајакнување на ѕидовите на капиларите и одржување на нивната еластичност.
Кверцетинот е биофлавоноид кој се наоѓа во многу овошја, зеленчуци и растенија. Тој дејствува како антиоксиданс, помагајќи во неутрализирање на слободните радикали и овозможува зашита на капиларите од оксидативен стрес. Освен тоа, кверцетинот може да помогне во намалување на воспалителните процеси во организмот, кои се најчесто резултат на хронични заболувања.
Неговата способност да ја зајакне структурата на ендотелот е особено значајна за спречување на оштетувања на крвните садови, вклучително и капиларите. Кверцетинот исто така го подобрува протокот на крв и го намалува ризикот од создавање згрутчувања. Тој е ефикасен при намалување на симптомите при алергии и други воспалителни состојби, што дополнително го прави корисен за одржување на здравјето и подобрување на имунитетот.
Со своите антиинфламаторни својства, кверцетинот ги намалува воспалителните процеси кои може да предизвикаат слабеење и фрагилност на капиларите. Тој дејствува како антиоксиданс, заштитувајќи го ендотелот на капиларите. Осен тоа, кверцетинот има значајна способност при спречување на појава на атеросклероза на крвните садови. Тој ја редуцира оксидацијата на ЛДЛ-холестерол, познат уште како лош холестерол. Кверцетин може да ја намали контракцијата на мазните мускулни влакна во крвните садови, на овој начин спречувајќи вазоконстрикција, што помага во редукција на крвниот притисок. Дополнително, кверцетинот го стимулира производството на азотен оксид, кој овозможува проширување на крвните садови. Ова е клучно за подобрување на циркулацијата и спречување на хипертензија, која го оштетува кардиоваскуларниот систем.
Кверцетин, како природен флавоноид, се наоѓа во храна која е богата со растителни пигменти. Најдобри извори се кромид, брокули, јаболка, боровинки, капини, зелка, црвено вино и цитрусни овошја. Зелениот чај и црвениот пипер исто така содржат значителни количини на кверцетин. Вклучување на овие намирници во вашата исхрана може да помогне во зајакнување на капиларите и подобрување на здравјето на крвните садови. Доколку преку исхраната не е можно да се внесе доволна количина, достапни се додатоци во исхраната со кверцетин. Овие додатоци може да содржат и помошни супстанци, како витамин Ц и бромелаин кои ја зголемуваат активноста на кверцетинот.
Кверцетин претставува природно решение за зајакнување на ѕидовите на капиларните крвни садови и подобрување на циркулацијата. Неговите антиоксидативни и антиинфламаторни својства го прават одличен избор за заштита од оксидативен стрес и воспаленија. Преку исхрана богата со кверцетин или преку користење на додатоци на база на кверцетин, може на природен начин да се подобри здравјето на крвните садови и да се намали ризикот од појава на хронични заболувања.