Правила за испорака и рефундација
Со овие правила се определува и дефинира испораката на купените производи преку интернет кои ги нуди ВИЗИОМЕД ГБГ ДООЕЛ Скопје (во овој текст: „Визиомед“) на својата веб страна www.viziomed.mk.
I. Подготовка на нарачката
Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани и испратени неоштетени до потрошувачот. Потрошувачот е должен при преземањето на нарачката, истата да ја провери од евентуални оштетувања и веднаш да ја рекламира со испраќање на е-маил на следната контакт адреса: contact@viziomed.mk.
II. Испорака на производите
Испораката на производите се врши на наведената адреса од страна на потрошувачот. Истата ја врши поштенска / карго служба и тоа секој ден, освен на државни празници и/или неработни денови. Доставата е бесплатна доколку износот на нарачката е поголем од 900,00 денари. Во спротивно се наплаќаат материјални трошоци во износ од 150,00 денари за испорака, трошоци кои се пресметани при нарачување на производите, односно се пресметани во крајната цена на нарачката.
Секој купувач е должен при прием на пратката, истата да ја прегледа и да ја провери од евентуални оштетувања настанати при транспорт, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на доставувачот да утврди дека производот/ите е/се во добра состојба.
III. Неуспешна испорака на производите
За испорака на нарачката, потрошувачот ќе биде контактиран од страна на доставувачот, но во случај кога потрошувачот не е достапен, пратката ќе биде вратена во седиштето на Визиомед, од каде што ќе може да се подигне во рок од 8 дена. Доколку потрошувачот има барање за повторна дистрибуција / испорака на пратката, должен е за услугата да плати износ од 150,00 денари на доставувачот при подигнување на истата.
Неуспешна испорака на нарачаните производи е во ситуации кога потрошувачот одбие да ја прими пратката, и/или сака да се откаже од нарачката. Во случај на неуспешна достава, потрошувачот има право од поврат уплатените средства, освен материјалните трошоци за испорака.
IV. Ажурирање на податоци за испорака
Доколку е потребно да извршите ажурирање или корекција на внесените податоци за испорака, Ве молиме да не контактирате во најкраток можен рок на следните контакт податоци: contact@viziomed.mk и/или 075/447-449. Ќе направиме се што е во наша можност да ги прифатиме промените, но во случај откако нарачката веќе е испратена за испорака, измените нема да бидат возможни. Во случај кога пратката е вратена поради неточна адреса, потрошувачот е одговорен за покривање на дополнителните трошоци за повторна испорака.
Со овие правила се определува и дефинира рекламацијата на купените производи преку интернет кои ги нуди ВИЗИОМЕД ГБГ ДООЕЛ Скопје (во овој текст: „Визиомед“) на својата веб страна www.viziomed.mk, како и рефундацијата на платените средства.
Визиомед нуди можност за рекламација, односно замена/враќање на купен производ во рок од 15 дена од купувањето. По истек на овој рок, производот не може да се врати и/или замени.
Замената може да биде направена доколку се исполнети следните услови:
- Производот да не е употребуван и заедно со амбалажата да е во иста состојба како што е купен (без никакви оштетувања на производот и амбалажата);
- Амбалажата несмее да биде оштетена на било кој начин и истата мора да ги има фабричките пломби и етикети;
- Потрошувачот задолжително да приложи доказ за извршена уплата.
Враќањето на производите може да биде направено доколку се исполнети следните услови:
- Испорачаниот производ да не е нарачан;
- На производот да му е истечен рокот на употреба;
- Производот има оштетувања кои настанале при транспорт;
- Производот да не е употребуван и заедно со амбалажата да е во иста состојба како што е купен (без никакви оштетувања на производот и амбалажата);
- Потрошувачот задолжително да приложи доказ за извршена уплата.
Во случај кога се исполнети некои од горенаведените услови, потрошувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на е-маил адресата: contact@viziomed.mk, како и да го достави производот на следната адреса: ул. Ристо Равановски бр. 3, Скопје – Карпош, Република Северна Македонија. Откако Визиомед ќе го прими производот и ќе го провери Вашето барање, во рок не подолг од 5 дена ќе Ви испрати е-маил со известување за одобрување или одбивање на рекламацијата.
Доколку Ви е одобрена рекламацијата за враќање на производот или доколку нема заменски производ и купувачот побара поврат на платениот износ, средствата за купениот производ се враќаат во иста форма како кога е платен производот. Па така, средствата се враќаат преку сторнирање на трансакцијата во матичната банка. Во овој случај постапката од страна на Визиомед се врши веднаш, меѓутоа процедурата до комплетна реализација во банките може да потрае до 30 дена, во зависност од банката.
