
Здравјето на коските претставува основа за водење на активен и квалитетен живот. Коските не само што обезбедуваат структурна поддршка на телото, туку имаат и улога во заштита на виталните органи и складирање на минерали. Со текот на времето, коските стануваат подложни на слабеење, особено кај повозрасните лица и жените во постменопаузалниот период. Фрактурите се еден од најчестите проблеми поврзани со појавата на остепороза, што може значително да го наруши квалитетот на животот.
Исхраната има директно влијание врз здравјето на коските. Калциум и витамин Д претставуваат основни нутриенти за одржување на коскената густина. Калциумот е основен градбен елементна коските, додека витаминот Д помага во апсорпцијата на калциум во телото. Одличен извор на калциум се млечните производи, сардини, брокула, бадеми и збогатени житарици. Од друга страна, сончевата светлина претставува природен извор на витамин Д, кој се создава во нашата кожа под дејство на УВ зраците, а покрај тоа, тој може да внесе и преку храната. Особено богати со витамин Д се рибата, јајцата и печурките.
Магнезиумот, фосфорот и витамините К и Ц се исто така клучни за здравјето на коските. Магнезиумот е познат по своето релаксирачко дејство на мускулите, но има улога и во одржување на здравјето на коските. Тој се складира во коските и забите, помагајќи во нивната минерализација и на тој начин во одржување на стабилноста на коскеното ткиво. Фосфорот и калциумот заедно учествуваат во градбата на калциум-хидроксиапатит, кој претставува основна минерална компонента на коските. Витаминот К има улога во регулација на калцификацијата, ја поттикнува диференцијацијата на остоебластите преку транскрипција на специфични гени, и активира одредени протеини вклучени во минерализацијата на коските. Витаминот Ц, пак, го стимулира создавањето на колаген – важна компонента на коските, ‘рскавицата и кожата. Балансирана исхрана богата со овие нутриенти значително го намалува ризикот од појава на остеопороза и фрактури.
Практикување на редовна физичка активност е непроценливо за одржување на силни и здрави коски. Вежбите со оптоварување, како одење, трчање и танцување поттикнуваат создавање на нова коскена ткивна структура. Истовремено, вежби за сила, како кревање тегови, ја зголемуваат густината на коските, особено во зоните на ‘рбетот, колковите и рацете.
Редовната физичка активност, освен што ја подобрува коскената густина, помага и во развој на мускулна маса, која ја штити коскената структура од потенцијални повреди. Јогата и пилатесот, иако се со понизок интензитет, можат да ја подобрат рамнотежата, координацијата и издржливоста, намалувајќи го ризикот од паѓање – главна причина за појава на фрактури кај постарите лица кои имаат намалена коскена маса.
Важно е да се внимава на правилна техника при вежбањето, бидејќи неправилните движења можат да предизвикаат дополнителен притисок врз коските. Се препорачува да се комбинираат различни типови активности за да се одржи целокупната кондиција на телото.
Исхраната и физичката активност играат главна улога во превенцијата на фрактури, но понекогаш е тешко да се внесе доволно количество на нутриенти само преку храната. Во овие случаи, додатоците во исхраната можат да претставуваат соодветен начин на суплементација со потребните витамини и минерали. Калциливин е еден од водечките производи за поддршка на здравјето на коските, кој комбинира повеќе клучни состојки за зајакнување на коскената структура. Калциливин содржи уникатна комбинација од три активни состојки – олеуропеин, калциум и витамин Д3.
Олеуропеин е моќен природен антиоксидант, кој се содржи во маслиновите лисја и плодови, инеговиот позитивен ефект врз коските се должи на способноста да влијае на остеокластите и остеобластите, и на тој начин да го регулира метаболизмот на коските. Витаминот Д3 и калциумот се исто така неопходни за одржување на првилната коскена градба и структура. Редовна употреба на Калциливин помага во спречување на појавата на остеопороза и го намалува ризикот од фрактури, особено кај лицата со зголемени потреби, како што се постарите лица, бремените жени и спортистите.
Грижата за здравјето на коските бара интегриран пристап, кој вклучува балансирана исхрана, редовна физичка активност и употреба на суплементи. Со воведување на здрави навики уште од младоста, може да се одржи здравјето на коските што подолго во животот, спречувајќи појава на остеопороза и фрактури. Неопходно е да се посвети внимание на секојдневната грижа за коските, бидејќи тие се темелот на нашето здравје и подвижност.