Оксидативниот стрес претставува основен фактор кој предизвикува оштетување на клетките во нашиот организам и предвремено стареење. Очите се особено чувствителни на ефектите на оксидативниот стрес. Прекумерна изложеност на оксидативен стрес може да доведе до заболувања со сериозни последици, како што се катаракта, глауком, па дури и макуларна дегенерација. Суперантиоксидантите играат клучна улога во заштита на клетките од дејството на слободните радикали, спречуваат оштетување на видот и ги намалуваат знаците на стареење на кожата околу очите.
Суперантиоксидантите се специфични супстанции кои имаат силна моќ да неутрализираат слободни радикали. Слободните радикали претставуваат нестабилни молекули кои се создаваат во организмот како резултат на нормалните метаболни процеси, но исто така и под влијание на надворешни фактори – аерозагадување, стрес, пушење, нездрава исхрана и изложеност на УВ зраци. Антиоксидантите помагаат во намалување на воспаленијата и го забавуваат процесот на стареење на очите, намалувајќи го ризикот од развој на заболувања како што се катаракта, глауком и макуларна дегенерација.
Едни од најмоќните антиксиданти за очите се лутеин и зеаксантин, кои помагаат во филтрирањето на штетната ултравиолетова светлина и спречуваат оштетување на ретината. Витамин Ц е моќен антиоксидант кој го зајакнува имунолошкиот систем, ги одржува здрави крвните садови на окото и има важна улога во процесот на синтеза на колагенот. Витамин Е има моќни антиинфламаторни својства и ги штити нашите очи од предвремено стареење и појава на дегенеративни заболувања. Ресвератрол е еден од најмоќните антиоксиданти, кој спречува патолошка ангиогенеза присутна кај различни заболувања на очите, додека цинкот е корисен за обнова на ретиналните клетки.
За да ги заштитите очите од дејстовото на слободните радикали, важно е антиоксидантите редовно да бидат вклучени во вашата исхрана. Исхрана богата со овие супстанции може значително да го намали ризикот од развој на очни болести и да го одложи стареењето на очите. Едни од најдобрите природни извори на суперантиоксиданти се зеленчукот и овошјето. Природен извор на лутеин се спанаќот, брокулата, и зелките; витаминот Ц е застапен во цитрусни овошја, како портокали и лимони, додека извори на витамин E и цинк се авокадо и ореви. Екстрактот од зелен чај и бобинките се познати по високото ниво на катехини и други суперантиоксиданти.
Понекогаш преку исхраната не успеваме да внесеме доволно количество на антиоскиданти, па затоа употребата на додатоци може да биде многу корисна. Витроген е додаток во исхраната кој содржи комбинација на суперантиоксиданти, витамини и минерали, кои помагаат во одржување на здравјето на видот.
Витроген ампулите се специјално дизајнирани да ги поддржат сите структурни елементи на окото, преку инкорпорирање на суперантиоксидантот ресвератрол, витамините Ц и E, како и цинк. Тие содржат екстракт од водна дуналиела, која е најбогат природен извор на органски каротеноиди, неопходни за правилна функција на очите. Овој производ е идеален за луѓе кои сакаат да го одржат својот вид и да го намалат ризикот од развој на дегенеративни заболувања на очите.
Суперантиоксидантите играат клучна улога во заштитата на очите од оксидативен стрес и стареење. Редовното вклучување на овие супстанции во исхраната може значително да го подобри здравјето на очите и да го намали ризикот од сериозни очни болести. Употребата на додатоци во исхраната како Витроген овозможува заштита на видот и спречува предвремено стареење на очите.