Упатство за WEB нарачка

Со ова упатство се определува и дефинира процесот на регистрација и најава на кориснички профил, како и се дефинира процесот на користење на опцијата нарачка и купување на производи кои ги нуди ВИЗИОМЕД ГБГ ДООЕЛ Скопје (во овој текст:„Визиомед“) на својата веб страна www.viziomed.mk.

I. Кој може да се регистрира и да се најави на веб страната?

На веб страната на Визиомед, може да се најави секое полнолетно лице кое има намера да нарачува и купува производи од асортиманот на производи на Визиомед објавен на веб страната. Потсетуваме дека нашата веб страна, како алатката за регистрација и најава на корисник, не е создадена со намера да привлече корисници - лица кои немаат навршено 18 години. Овие лица не смеат да ја користат веб страната и нејзините алатки без дозвола од нивен родител/старател.
Секој посетител на веб страната на Визиомед, како и на неговата „Интернет продавницата“, кој одбрал и сака да купи еден или повеќе од понудените производи, може да регистрира сопствен профил на веб страната: www.viziomed.mk или да се најави на веќе креираниот кориснички профил, како би можел по одбирањето на производот/ите и негово/нивно ставање „во кошничка“ да продолжи со купопродажбата на производот/ите.
Регистрацијата (отворањето на кориснички профил) на посетителите кои сакаат да ги користат услугите кои ги нуди Визиомед не e неопходна. Доколку некој од посетителите сака да започне со реализација на онлајн нарачка, истото може да го направи како гостин – корисник, при што по одбирањето на производот/ите и негово/нивно ставање „во кошничка“ ги остава своите податоци неопходни за реализација на купувањето, односно доставата на производот/ите.
Потребни чекори при процес на регистрација
За да креирате сопствен кориснички профил на веб страната www.viziomed.mk, потребно е да кликнете на полето „Регистрирај се“.
Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да се внесат само неопходните лични податоци за корисниците, односно: 1) Име и презиме; 2) Е-маил адреса; 3) Адреса; 4) Град; и 5) Телефон за контакт.
Со пополнување на полињата во кои ги внесувате своите лични податоци, ја потврдувате нивната точност и вистинитост. Во случај на промени на определени податоци кои сте ги внеле при регистрацијата, потребно е истите да ги ажурирате, односно да го прилагодите својот кориснички профил согласно настанатите измени.
Заради обезбедување на заштита на личните податоци и безбедност при користење на нашата веб страна, задолжително го заштитувате својот профил со лозинка. Лозинката е по Ваш сопствен избор и нема посебни барања за должината односно содржината на лозинката. Со цел заштита на личните податоци, Визиомед препорачува користење на силна лозинка, односно лозинката да содржи најмалку 8 алфанумерички знаци од кои една голема буква и еден посебен симбол.
Како корисник на нашата веб страна, имате можност да ја промените лозинката, со одбирање на опцијата „Ја заборавивте лозинката“ пред самата најава или пак со одбирање на опцијата „Промени податоци“ во горниот десен агол по најавата.

II. Прифаќање (согласност) со условите и правилата за продажба

Како корисник на нашата веб страна сте должни да ги прифатите условите и правилата за продажба на Визиомед, преку кликнување / штиклирање на полето „Се согласувам со условите и правила за продажба“, а кои услови и правила се објавени на веб страната на Визиомед на следниот линк: Услови и правила за интернет продажба, Правила за испорака и Правила за рекламација и рефундација.
Исто така, имате опција да одберете повремено да добивате специјални понуди и попусти, преку кликнување / штиклирање на полето „Се согласувам на мојата e-mail адреса, како и на мојот конкат број преку смс пораки и Viber и/или WhatsApp пораки да примам специјални понуди и попусти“.
Со штиклирање на ова поле, прифаќате и се согласувате Визиомед да Ви испраќа повремени информации за тековни промоции, нови производи и услуги, понуди и попусти приспособени на Вашите интереси преку е-маил адресата која сте ја користеле при системот на регистрација. За повеќе информации за обработувањето на личните податоци за цели на директен маркетинг посетете ја нашата Политика за директен маркетинг.
Со финализирањето на процесот на креација на корисничка сметка, Визиомед Ви испраќа е-маил порака со цел потврда на корисничката сметка. За да може да се активира корисничката сметка потребно е да се притисне добиениот линк на e-мaилот: contact@viziomed.mk со кој се врши потврда на извршената регистрација. По извршената потврда, потребно е да се најавите на полето „Најави се“.
Вашата регистрација ќе биде во целост завршена само кога ќе кликнете на оваа врска и ќе се најавите на Вашиот кориснички профил.

III. Отповикување на согласност

Согласност да добивате најнови информации во врска со производите, услугите и понудите на Интернет продавницата, можете во секое време да ја отповикате. Отповикувањето на дадената согласност може да го направите со давање на еднострана изјава и истата има дејство во иднина. Истата може да ја преземете тука.

IV. Начин на користење на кориснички профил

На почеток на веб страната на Визиомед се наоѓа паѓачко мени каде што можете да одберете повеќе опции. При влезот на веб страната Ви се препорачани продукти, производи кои се на промоција, и промоции и флаери на Визиомед. На веб страната на Визиомед Ви се набројани сите производи и продукти на Визиомед. Со кликнување на секој одделен производ, се отвора нова страница со детали за одбраниот производ, како и други алатки и можности во врска со одбраниот производ.
По секое најавување на веб страната на Визиомед, Ви стојат на располагање следниве опции:
- преглед на нарачките во полето „Преглед на нарачки“;
- промени на своите податоци во полето „Промени податоци“;
- Одјава од веб страната во полето „Одјави се“.

V. Страни кои може да бидат вклучени во процесот на онлајн купување (веб нарачка)

Понудувач / продавач на производите e Друштво за трговија и услуги ВИЗИОМЕД ГБГ ДООЕЛ Скопје, со седиште на адреса: ул. Ристо Равановски бр. 3 Скопје - Карпош, со ЕМБС 6489320 и ЕДБ 4057009502021.
Посетител на веб страната е секое лице кое преку средства за електронска комуникација пристапува на веб страната, со цел разгледување на каталозите на производи и/или услуги понудени на Интернет продавницата.
Купувач е секое физичко или правно лице кое преку електронски пат ќе нарача производи од асортиманот на производи.
Врз односот кој ќе настане со купување на производи меѓу продавачот и купувачот ќе се применуваат применливите законски прописи на Република Северна Македонија, како и правилата објавени на веб страната на Визиомед.

VI. Услови за купување

Условите за купување на производи преку интернет продавницата на Визиомед се дефинирани со следниве параметри: нарачка, плаќање, подготовка, испорака,рекламација.

VII. Како функционира процесот на нарачка?

На почеток на веб страната на Визиомед се наоѓа паѓачко мени каде што корисникот може да одбере повеќе опции. При влезот на веб страната на корисникот му се препорачани продукти, производи кои се на промоција, и промоции и флаери на Визиомед. На веб страната на Визиомед има повеќе табови со различни категории. Со избор на табот за производи или промоции ќе се отвори страна со набројани производи. На веб страната на Визиомед Ви се набројани сите производи и продукти на Визиомед.

VIII. Како да направите нарачка на производ(и)?

За да може да одберете и нарачате производи од Интернет продавницата, потребно е да бидете најавени на Вашиот кориснички профил на начин опишан во ова упатство, или како гостин – корисник само со внесување на сите неопходни податоци.
Понатаму, со кликнување на секој одделен производ, се отвора нова страница со детали и спецификација за одбраниот производ, како и други алатки и можности во врска со одбраниот производ. На новоотворената страница со детали за производот, постои опција за продолжување со нарачка/купување на производот, преку кликнување на полето „Додади во кошничка“.
Со одбирање на опцијата „Прегледај кошничка“, имате увид во производите кои сте ги одбрале за евентуална идна нарачка/купување, цената на производот, како и можност за отстранување на производот од својата кошничка.
Доколку сакате да продолжите со нарачката на производот/ите треба да кликнете на полето „продолжи со нарачката“ со што ќе бидете редиректирани на следната страница за информации за нарачката.

IX. Како да го завршите процесот на купување?

Откако сте одбрале да продолжите со нарачка на производ, ќе бидете редиректирани на страната за информации за нарачката, каде се видливи Вашите лични податоци дадени при најавата на веб страната на Визиомед. Доколку не сте најавени, реализацјата на онлајн нарачка може да ја направите како гостин – корисник, при што по одбирањето на производот/ите и негово/нивно ставање „во кошничка“ ги оставате своите податоци неопходни за реализација на купувањето, односно доставата на производот/ите. Исто така, оставени се можности за внесување на конкретни забелешки околку нарачката и/или избирање на опција производот да биде испратен како подарок до трето лице.
Воедно, Вие сте информирани дека плаќањето се врши преку платежна картичка, а нарачката се врши со кликнување на „Нарачај “, по што ќе бидете насочени до системот за наплата.

X. Услови за начинот на плаќање

Сите цени се изразени во македонска национална валута (денар) со вклучен ДДВ.
За повеќе информации во врска со условите за начинот на плаќање, евентуалните дополнителни трошоци за корисникот, како и начинот на испорака кликнете тука.

XI. Каде се наоѓаат податоците од направена нарачка?

Полето „Преглед на нарачки“ преку кое може да се врши преглед на нарачки, се наоѓа во горниот десен агол на веб страната на Визиомед. Со изборот на оваа опција, производот се евидентира во Вашата кошничка во горниот десен агол.

XII. Вашите права како субјект на лични податоци

Ве информираме дека собраните лични податоци за онлајн купување, секогаш ги користиме исклучиво за:
- побрзо, полесно и поедноставно да ги проследиме сите известувања и информации до Вас;
- примање на Вашите електронски (онлајн) нарачки од нашиот асортиман на производи;
- брза и навремена достава на купените производи до Вашата адреса;
- навремено да бидете известени за сите нови производи или понуди за кои сметаме дека
ги задоволуваат Вашите преференци и потреби, само доколку сте се согласиле да примате вакви известувања.
Вашето Име и презиме го користиме заради исполнување на нашите законски обврски кои ги имаме како продавачи и трговци и изготвување на потребната документација при продажба на производи, како и за да Ви овозможиме да ги остварите своите права како потрошувачи.
Вашата Адреса на живеење ја користиме со цел достава на производите до Вашата адреса, како и за евентуален писмен контакт со Вас. Односно, доколку Вие како корисник (купувач) не одлучите да го подигнете купениот производ од просториите на Визиомед, но сакате истиот да Ви биде испорачан (доставен) на Вашата адреса, потребно е да ги наведете следните лични податоци: телефон за контакт, улица, поштенски број и град.
Вашата Е-маил адреса ја користиме со цел овозможување на процесот на регистрација и најава, како и заради контакт со Вас, како би можеле побрзо, полесно и поедноставно да ги проследиме сите известувања и информации до Вас и доколку сте ја дале потребната согласност, навремено да бидете известени за сите нови производи или понуди за кои сметаме дека ги задоволуваат Вашите преференци и потреби.
Вашиот телефон го користиме со цел заради контакт со Вас, особено за потребите за достава на нарачаните производите, како и за да Ве контактираат нашите вработени доколку имаат било какви прашања во врска со направената нарачка. Исто така, доколку сте ја дале потребната согласност, навремено да бидете известени за сите нови производи или понуди за кои сметаме дека ги задоволуваат Вашите преференци и потреби.
Доколку при регистрација на Вашиот профил сте дале согласност за директен маркетинг, Вашите податоци ќе се обработуваат во согласност со нашата Политика за директен маркетинг и Политика за приватност.
Ве уверуваме дека Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен наведените. Собирање и обработка на Вашите лични податоци за друга цел, различна од погоре наведените, може да се врши исклучиво и само врз основа на Ваша претходно дадена согласност или заради извршување на законски обврски. Вашите лични податоци ги собираме, обработуваме и чуваме законито, транспарентно и правично во согласност со прописите за заштита на лични податоци. Вашите лични податоци се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети лица само од страна на вработените кои се посебно овластени за тоа. Вашите лични податоци се чуваат во форма која овозможува Ваша идентификација, онолку долго колку што е потребно за остварување на целите поради кои истите сте ни ги обезбедиле, односно не подолго моментот на Вашата де-регистрација, односно барање за ограничување на обработката или бришење на личните податоци. Вашите лични податоци ќе бидат обработувани на начин кој обезбедува највисоко на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки.
Како субјект на лични податоци имате права во однос на заштита на Вашите лични податоци, а ние тежнееме кон тоа да Ви го олесниме остварувањето на Вашите права. Оттука, Ве информираме дека во секое време имате право да се информирате / побарате / поднесете барање или приговор за:
- дали се врши обработка на Вашите лични податоци;
- целите и правната основа на обработка на лични податоци;
- категории на лични податоци кои се обработуваат, корисници и категории на корисници на кои се откриваат;
- рок во рамки на кој ќе се чуваат Вашите лични податоци и/или критериуми за одредување на тој период;
- изворот на лични податоци кои не се дадени од Ваша страна;
- логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која може да има влијание;
- да побарате дополнување и/или измена доколку Вашите лични податоци се нецелосни, неточни или неажурирани;
- да побарате да биде ограничена обработката на Вашите лични податоци;
- да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани;
- да ја повлечете претходно дадената согласност за целите на обработка на личните податоци;
- да поднесете приговор за начинот на обработка;
- да Ви биде обезбедена копија од Вашите лични податоци.
Доколку сакате да поднесете Барање за пристап/дополнување/измена/бришење или ограничување на обработката на Вашите лични податоци, кликнете тука.
Ве потсетуваме дека електронската адреса преку која ќе не контактирате, содржината на Барањето и останатите лични податоци нема да бидат искористени за друга цел, освен за да одговориме на Вашите барања и потреби.
Во случај на укажана потреба од дополнителни појаснувања, како и прашања кои се непосредно поврзани со собирањето и обработката на Вашите лични податоци, во секое време можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, за што Ви стојат на располагање горенаведените контакт податоци.

Име и презиме: Габријела Лазаров Тасевска
Контакт телефон: 075/447/449
Е-маил адреса: Contact@viziomed.mk

***

ВИЗИОМЕД ГБГ ДООЕЛ Скопје ги потсетува сите посетители и корисници на www.viziomed.mk дека повеќе информации во врска со правата на корисниците како субјекти на лични податоци, како и начинот на кој се остварува грижата за безбедноста и заштитата на личните податоци, можат да најдат во нашата Политика за приватност.


Footer-Outline