Услови и правила за интернет продажба

Со овие услови и правила се определува и дефинира интернет продажбата, односно купувањето на производи преку интернет кои ги нуди ВИЗИОМЕД ГБГ ДООЕЛ Скопје (во овој текст: „Визиомед“) на својата веб страна www.viziomed.mk.

I. Општи услови

На веб страната на Визиомед, може да се најави секое полнолетно лице кое има намера да нарачува и купува производи од асортиманот на производи на Визиомед објавен на веб страната. Потсетуваме дека нашата веб страна, како алатката за регистрација и најава на корисник, не е создадена со намера да привлече корисници - лица кои немаат навршено 18 години. Овие лица не смеат да ја користат веб страната и нејзините алатки без дозвола од нивен родител/старател.
Секој посетител на веб страната на Визиомед, како и на неговата „Интернет продавницата“, кој одбрал и сака да купи еден или повеќе од понудените производи, може да регистрира сопствен профил на веб страната: www.viziomed.mk или да се најави на веќе креираниот кориснички профил, како би можел по одбирањето на производот/ите и негово/нивно ставање „во кошничка“ да продолжи со купопродажбата на производот/ите.
Регистрацијата (отворањето на кориснички профил) на посетителите кои сакаат да ги користат услугите кои ги нуди Визиомед не e неопходна. Доколку некој од посетителите сака да започне со реализација на онлајн нарачка, истото може да го направи како гостин – корисник, при што по одбирањето на производот/ите и негово/нивно ставање „во кошничка“ ги остава своите податоци неопходни за реализација на купувањето, односно доставата на производот/ите. Детално објаснети чекорите за регистрација може да ги видите на следниот линк: Упатство за WEB нарачка.

II. Производи

Описот на производот, односно неговите основни карактеристики и продажната цена се истакнати до сликата на секој производ. Информациите за производите понудени на www.viziomed.mk се земени од поединечни декларации за производи, упатства за производи или од брошури на производителот на производот.

III. Цена

Цената на производите објавени на нашата веб страна се изразени во денари, со вклучен ДДВ и без никакви скриени трошоци.
Го задржуваме правото на промена на објавените цени во согласност со политиката на Визиомед, без претходно известување за корисниците.
Промените на цените ќе важат за сите нарачки направени по стапувањето во сила на новите цени. Сите потврдени нарачки пред стапувањето во сила на новите цени, ќе се извршат според цените кои биле во важност во времето кога се направени нарачките.
Количините на производите се ограничени. Визиомед го задржува правото да одбие нарачка на производи чии количини се исцрпени и/или да ја одложи доставата на производи чии количини се исцрпени по претходна добиена согласност од страна на Потрошувачот.
Потрошувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

IV. Купување и достава на производи

Купувањето, односно нарачувањето на производите може да се реализира од било која локација, меѓутоа доставата се врши само на територијата на Република Северна Македонија.
Купувањето може да се оствари со следните платежни картички: Visa, Visa Electron, Mastercard, Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на задниот дел од картичката), а наплатата се извршува преку Комерцијална банка АД Скопје.
Доставата е бесплатна доколку износот на нарачката е поголем од 900,00 денари. Во спротивно се наплаќа 150,00 денари за испорака. Испораката на наведената адреса ја врши поштенска / карго служба.
По завршувањето на нарачката, ќе Ви биде испратен е-маил на наведената адреса, за потврда на нарачката.

V. Одговорност

Веб-страницата www.viziomed.mk служи исклучиво за информативни цели и не може да го замени
лекарскиот преглед, стручната медицинска консултација или советувањето во аптека. Не користете
ја за самодијагностика или самостојно лекување. Доколку сте бремени, доите или користите
одредени лекови, задолжително консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да изберете соодветен производ.




Footer-Outline