Како да ги подобрите вашите шанси за успешно забременување?

Како-да-ги-подобрите-вашите-шанси-за-успешно-забременување

Процесот на забременување претставува посебен период во животот на многу жени и парови. Сепак, овој процес не секогаш е едноставен и брз. Многу парови се соочуваат со предизвици додека се обидуваат да станат родители, а разбирањето на факторите кои можат да ја подобрат плодноста е клучно за зголемување на шансите за успех.  Водење на здрав животен стил, редовни гинеколошки прегледи и подобрување на хормоналните нивоа, се клучен дел во овој процес.

Влијанието на животниот стил на плодноста кај жените!

Животниот стил е еден од најважните фактори кои влијаат на плодноста. Стресот, неправилната исхрана и штетните навики може да предизвикаат хормонален дисбаланс и нередовна овулација. Исхраната треба да биде богата со антиоксиданси, омега-3 масни киселини, железо, калциум и витамини, особено фолна киселина, која е неопходна за правилен развој на плодот. Намирници богати со витамин Б и фолна киселина се лиснатите зеленчуци – кељ, спанаќ, брокула. Други намирници кои се препорачуваат се домати, риба, грчки јогурт, и други млечни продукти.

Влијанието на животниот стил на плодноста кај жените!

Покрај тоа, одржување здрава телесна тежина е  важно, бидејќи прекумерната или недоволната тежина може да ги наруши нивоата на хороните и да предизвика нередовни или ановулаторни менструални циклуси. Редовно вежбање има позитивен ефект врз физичката кондиција, а истовремено го подобрува и менталното здравје.  Умерени физички активности, како пешачење, јога или пливање, помагаат во намалување на секојдневниот стрес и одржување на хормоналната рамнотежа.

Секако, неопходно е конзумацијата на алкохол, дроги и пушењето цигари да се сведат на минимум, бидејќи овие супстанци ја зголемуваат веројатноста за појава на компликации во бременоста, особено во првиот триместар.

Улогата на редовните гинеколошки прегледи!

Редовни гинеколошки прегледи се исклучително важни во грижата за женското репродуктивно здравје. Преку нив може навремено да се дијагностицираат и третираат евентуални заболувања, кои би можело да го одложат забременувањето, како полицистични јајници или инфекции.

Улогата на редовните гинеколошки прегледи!

Секако, неопходно е да се обрне внимание и на должината и редовноста на менструалниот циклус и правилно да се одредат плодните денови.  Следењето на овулацијата со помош на календар, апликации или тестови може значително да го олесни процесот на зачнување.

Поддршка и емоционално здравје при обидите за забременување!

За време на процесот на забременување неопходна е грижа за емоционалното здравје. Понекогаш, долготрајните обиди за забременување можат да предизвикаат анксиозност, стрес или чувство на разочарување, што дополнително го отежнува процесот. Во вакви случаи, поддршката од партнерот, семејството или пријателите има клучно значење. Истовремено, професионална поддршка од терапевт може да помогне во справување со предизвиците на овој процес. Споделување на искуствата со други жени кои се соочуваат со слични проблеми создава чувство на заедништво и емоционална поддршка.

Заклучок

За подобрување на шансите за успешно забременување неопходно е трпение, посветеност и прилагодување на животниот стил. Грижа за физичкото и менталното здравје, редовни посети кај гинекологот и прифаќање на поддршка од блиските се многу важни за успешно справување со предизвиците кои ги носи процесот на забременување. Со соодветна грижа и посветеност, патот кон родителството може да стае поедноставен и да води кон успешен исход, односно посакуваната бременост.

Footer-Outline