Бромелин: Ензим за здрави дишни патишта!

Бромелин-Ензим-за-здрави-дишни-патишта

Во последните неколку години се зголемува интересот за природните суплементи и ензими, и нивниот ефект врз здравјето. Бромелин е еден од најкористените природни ензими. Тој претставува ефективен протеолитички ензим, кој се добива од ананас.

Бромелин има широк спектар на здравствени придобивки, а најзначајни досега се неговите анти-воспалителни својства. Во тој поглед најчесто се користи при третман на инфекции на дишните патишта, но има позитивен ефект и на имуниот, дигестивниот и кардиоваскуларниот систем.

Што е Бромелин и како дејствува?

191 (1)

Бромелин е ензим кој природно се наоѓа во ананас, а најголемиот концентрат се наоѓа во стеблото и плодовите на растението. Тој е протеолитички ензим, што значи дека помага во разградбата на протеините, а ова негово дејство е корисно при третман на воспаленија и инфекции. Неговите антиинфламаторни својства помагаат во намалување на отокот на слузницата, што е од суштинско значење при третман на воспаленија на дишните патишта. Тој ја инхибира синтезата на проинфламаторни медијатори и спречува продукција на ендотоксини кај бактериите. Освен тоа, овој ензим е познат и по своите антиоксидативни и антимикробни својства.

Како помага Бромелин при респираторни проблеми?

Една од најпознатите терапевтски примени на бромелин е во третман на респираторни заболувања, вклучувајќи бронхитис, синузитис, и други воспалителни состојби на дишните патишта. Бромелин е корисен при ублажување на воспалението и намалување на отокот на слузницата на дишните патишта. Тој помага во отстранување на вишокот слуз и ослободување на чувството на затнатост на носот.

Бромелин може да ја зголеми и апсорпцијата на други медикаменти кои се употребуваат при инфекција на дишните патишта, како што се антибиотици.

Придобивки од Бромелин за општото здравје!

191 (2)

Придобивките од овој природен ензим не се ограничени само на респираторното здравје. Бромелинот може да се користи како додаток на терапијата при широка палета на хронични воспалителни заболувања, како артритис и ревматски болести. Бромелин може да биде корисен и за лица кои често страдаат од повреди. Тој има способост да го намали отокот, да ја намали синтезата на медијатори на болка и ја подобрува циркулацијата на повреденото место.

Исто така, може да дејствува фибринолитички и да го намали згрутчувањто на крвта, спречувајќи тробоза и тромбофлебитис. Одредени научни истражувања покажуваат дека бромелин има потенцијал да ја поттикне апоптозата (природна клеточна смрт) кај канцерогените клетки, специфично кај клетките на меланом, што укажува на неговите потенцијални антиканцерогени својства.

Заклучок

Бромелин е моќен природен ензим кој има широк спектар на здравствени придобивки. Неговата способност да дејствува како протеолитичко средство го прави особено корисен при третман на респираторни заболувања, како што се ринитис, синузитис и бронхитис. Покрај тоа, бромелин со својот антиинфламаторен, антимикробен и фибринолитичен ефект може да биде корисен за побрзо заздравување на повредите и подобрување на циркулацијата.  Сето ова укажува на тоа дека бромелин е многу повеќе од само респираторен лек, туку и вреден сојузник за подобрување на целокупното здравје.

Footer-Outline