Еклампсија – Животна опасност за мајката и бебето!

Еклампсија Животна опасност за мајката и бебето!

Еклампсија претставува ургентна состојба која е една од најсериозните компликации во бременоста, која може да биде животозагрозувачка и за мајката и за бебето. Најчесто се развива како компликација на прееклампсија – состојба што се одликува со висок крвен притисок, појава на отоци и присуство на протеини во урината. Појавата на конвулзии, промена на свеста или кома укажуваат на еклампсија. Оваа состојба е една од водечките причини за предвремено породување, а поради сериозноста на овие две состојби, навременото откривање и соодветниот третман се клучни за заштита на здравјето на мајката и бебето.

Прееклампсија и еклампсија: Причини, факторина ризик и дијагностицирање!

Превенција и брза интервенција Клучни чекори за заштита на мајката и бебето!

Еклампсија најчесто се јавува по 20-та недела одбременоста, но може да продолжи и по породување. Постојат неколку фактори на ризик кои јазголемуваат веројатноста за нејзина појава, а тие вклучуваат генетска предиспозиција, возраста на мајката (под 20 или над 40 години), близначка бременост, како и претходна историја на прееклампсија. Дополнително, одредени хронични здравствени состојби, како висок крвен притисок пред бременоста, зголемена телесна тежина, дијабетес и бубрежни заболувања, значително го зголемуваат ризикот од развој на прееклампсија. Доколку бременоста трае подолго од 40 недели, исто така постои зголемен ризик од појава на еклампсија.

Дијагноза на прееклампсија се поставува прекуредовни гинеколошки прегледи за време набременоста. Овие прегледи вклучуваат мерење накрвниот притисок, анализа на протеини во урината, анализи на крвта за проценка на функцијата на бубрезите и црниот дроб, како и испитување на коагулациските фактори и бројот на тромбоцити. Ултразвучниот преглед е исто така важен, бидејќи овозможува проценка на состојбата на постелката (плацентата) и развојот на бебето.

Како да ги препознаете симптомите на еклампсија?

Како да ги препознаете симптомите на еклампсија

Симптомите на еклампсија често се појавуваат брзо и драматично, и затоа е важно да се препознаат навремено, особено кај трудниците кои веќе се дијагностицирани со прееклампсија. Појава на конвулзии е најзачајниот симптом. Покрај тоа, силни и упорни главоболки кои не се смируваат, забрзано или отежнато дишење, отоци на лицето и екстремитетите, заматен вид, болки во горниот дел на стомакот и когнитивни промени или губење на свест се знаци кои укажуваат на можност за развој на еклампсија. Овие симптоми бараат итна медицинска интервенција, бидејќи навремената реакција може дабиде клучна за преживување на мајката и бебето. Доколку има индикација, можно е да се изврши итен царски рез за завршување на бременоста и предвремено раѓање на бебето.

Превенција и брза интервенција: Клучни чекори за заштита на мајката и бебето!

Прееклампсија и еклампсија Причини, факторина ризик и дијагностицирање!

Можната превенција на прееклампсија и еклампсија се базира на правилна и навремена детекција на ризик факторите кај трудниците. Од голема важност е здравствената состојба на мајката пред бременоста, одржување на здрава телесна тежина, како и добра регулација на крвниот притисок. За време на бременоста се препорачува урамнотежена исхрана, избегнување на прекумерно количество сол, умерена физичка активност и доволно одмор. Ниски дози на аспирин, како и суплементација со калциум може да бидат корисни кај трудниците со висок ризик. Редовни посети кај гинеколог се неопходни и овозможуваат рано откривање и управување со симптомите на прееклампсија.

Заклучок

Еклампсија претставува животозагрозувачка компликација во бременоста, која може да има тешкипоследици доколку не се открие и третира навреме. Редовни гинеколошки прегледи, идентификација на факторите на ризик и следење на симптомите се основни за превенција на оваа состојба. Брзата медицинска интервенција при првите знаци на еклампсија е од суштинско значење за заштита на мајката и бебето.

Footer-Outline