
Природните суплементи и антиоксиданси во последните години добиваат сѐ поголема важност, а меѓу нив, со своите бројни придобивки за здравјето, се истакнува кверцетин. Кверцетин е природен ензим кој помага за зголемување на имунитетот, регулирање на воспалителните процеси во телото и подобрување на општото здравје. Познат по неговите антиоксидативни и антиинфламаторни својства, кверцетинот сè почесто се проучува во контекст на превенција и поддршка при лекување на разни состојби.
Кверцетин е растителен флавоноид, природно присутен во многу растенија, овошја и зеленчуци. Се карактеризира со силни антиинфламаторни, антиоксидативни и антимикробни својства, што го прави ефикасен во заштита на клетките од оштетување, оксидативен стрес и воспаленија.
Кверцетин го штити организмот од слободни радикали – нестабилни молекули кои можат да го оштетат ДНК-то, клеточните мембрани и протеините, што води до клеточно стареење и потенцијален развој на болести. Дополнително, кверцетин го поттикнува производството на глутатион – еден од најсилните антиоксиданси кој се произведува во нешето тело.
Кверцетин има и антиалергиски ефект, бидејќи го намалува производството на хистамин, главен медијатор на алергиските реакции. На овој начин кверцетин може да ги намали симптомите кои се јавуваат при алергии, како чешање, кивање и црвенило на кожата.
Кверцетинот исто така придонесува за подобрување на функцијата на ендотелот на крвните садови, штити од развој на атеросклероза и има позитивно влијание врз здравјето на капиларите. Се смета дека ја подобрува циркулацијата и го намалува ризикот од згрутчување на крвта.
Кверцетин е присутен во многу овошја, зеленчуци и други растителни продукти. Jаболката се едни од овошјата кои содржат кверцетин – особено кората, а значајна концентрација има и во црниот чај, црвеното грозје и црвеното вино. Богати со кверцетин се зелените лиснати зеленчуци, како кељ и зелка, потоа црешите, боровинките и други видови на бобинки.
Редовна конзумација на овие намирници може да допринесе за поголем внес на антиоксиданси во организмот. Исто така, кверцетинот може да се пронајде во облик на различни суплементи. Овие додатоци на исхраната може да содржат и помошни супстанци, како витамин Ц и бромелаин кои ја зголемуваат активноста на кверцетинот.
Присуството на хронично воспаление е основата за развој на многу заболувања, како атеросклероза, хипертензија, дијабет, остеоартрит, астма, па дури и некои видови карциноми. Кверцетин, преку своите моќни антиинфламаторни својства, може да ја намали воспалителната активност во организмот.
Кверцетин има способност да инхибира одредени воспалителни ензими и медијатори, како ензимот циклооксигеназа-2 (COX-2). Тој дејствува и преку намалување на производството на воспалителните медијатори IL-1β, IL-6 и TNF-α од страна на масните клетки – адипоцити и макрофагите.
Борeјќи се против слободните радикали и зголемувајќи го производството на ендогени антиоксиданси во телото, кверцетин ги заштитува клетките од оштетување и предвремено умирање. Покрај тоа, се смета дека кверцетин има способност да го заштити црниот дроб од ефектите на различни токсични материи.
Кверцетин претставува еден од најважните природни сојузници за зачувување на здравјето. Неговите моќни антиоксидативни и антиинфламаторни својства го прават особено корисен во борбата против хронични воспаленија, оксидативен стрес и алергиски реакции. Дополнително, придобивките за кардиоваскуларното здравје го позиционираат кверцетинот како важен дел од превентивната грижа за организмот. Без разлика дали се внесува преку исхраната или како суплемент, неговата редовна употреба може значително да придонесе за подобрување на здравјето и заштита од хронични заболувања.