Паранеопластичен синдром – Невообичаени симптоми на рак и нивното влијание на здравјето!

Паранеопластичен синдром Невообичаени симптоми на рак и нивното влијание на здравјето!

Терминот паранеопластичен синдром се однесува на група на симптоми, кои се поврзани со присуството на рак во организмот. Тие симптоми не се должат на физичкото присуство на туморот, туку на метаболни и имунолошки промени кои се јавуваат како реакција на организмот на канцерот, или пак на продукција на одредени супстанции од самото неопластично ткиво. Иако паранеопластичен синдром се јавува ретко, претставува важен индикатор за присуството на одредени неоплазми во телото, а понекогаш овие симптоми може да бидат и првите знаци кои ќе го наведат лекарот да размислува за можноста за постоење на примарната болест. Препознавање на овие симптоми може да бидат од големо значење за рана дијагноза на болеста и правилен третман.

Што е паранеопластичен синдром и што го причинува?

Паранеопластичен синдром е збир на знаци и симптоми, кои се последица на присуството на тумор во телото, најчесто канцероген. Понекогаш, овие симптоми може да се појават и пред да се постави дијагноза на малигна болест. Паранеопластичен синдром најчесто се јавува кај неоплазми на белите дробови, дојка, јајници или кај лимфом.

Што е паранеопластичен синдром и што го причинува

Специфичните симптоми се предизвикани од одредени хемиски сигнални молекули, како хормони или цитокини, кои се произведени од страна на туморските клетки или се резултат на имунолошкиот одговор на организмот против туморот. Симптомите на паранеопластичен синдром се разликуваат од оние кои се јавуваат поради ефектот на локален раст и ширење на туморот.

Како да се препознае: Кои се специфичните знаци на паранеопластичен синдром?

Како да се препознае Кои се специфичните знаци на паранеопластичен синдром

Паранеопластичен синдром се манифестира преку четири главни групи на симптоми: ендокрини, невролошки, мукокутани и хематолошки. Многу честа е појавата на покачена температура поради циркулирачките ендогени пирогени, но присутни се и други општи симптоми како ноќно потење, замор, слабеење и губење на апетит.

Ендокринолошките симптоми може да се манифестираат како Кушинг синдром, поради продукција на ACTH и кортизол, со појава на висок крвен притисок, округло лице, зацрвенета и фрагилна кожа,  зголемување на масното ткиво и абдоминален тип на дебелина. Друга ендокринолошка манифестација може да биде хипонатремија, заради неправилна секреција на хормонот вазопресин и загуба на сол од телото. Честопати може да се појави и нарушено ниво на калциум или шеќер во крвта. Дел од невроендокрините тумори, кои секретираат серотонин, може да предизвикаат појава на дијареа, повраќање, зацрвенување на кожата, а поретко потешкотии во дишењето и срцева слабост.

Невролошките симптоми вклучуваат загуба на координација и баланс, слабост во мускулите, проблеми со меморија и концентрација, како и појава на неволни движења и мускулни грчеви. Хематолошките симптоми се манифестираат како полицитемија – зголемен хемоглобин или еритроцити, анемија, појава на тромбозa или воспаление на крвните садови (тромбофлебит).

Важноста на мултидисциплинарниот пристап во лекувањето на паранеопластичен синдром!

Важноста на мултидисциплинарниот пристап во лекувањето на паранеопластичен синдром!

Во справувањето со паранеопластичниот синдром, важно е да се вклучат специјалисти од различни области, вклучувајќи онколози, невролози, ендокринолози, бидејќи овој синдром влијае на повеќе органи и системи во организмот. Мултидисциплинарниот пристап овозможува интегриран третман кој ги зема предвид сите аспекти на болеста и симптомите, што е клучно за создавање индивидуализиран план за лекување и постигнување на подобри резултати. Современата терапија не се фокусира само на лечење на туморот, туку и на контрола на паранеопластичните симптоми и подобрување на квалитетот на живот на пациентот. Освен тоа, третманот треба да биде насочен не само кон управување со симптомите, туку и кон основното заболување, канцерот.

Заклучок

Паранеопластичен синдром претставува значајна група на симптоми кои се поврзани со присуството на рак во организмот. Препознавање на овие симптоми може да биде клучно за рано откривање на рак, што овозможува порано започнување на третман. Симптомите на паранеопластичен синдром може да се манифестираат на различен начин, а нивна правилна дијагноза и третман бараат мултидисциплинарен пристап, кој го подобрува квалитетот на живот на пациентите и ја зголемува шансата за успешен исход на болеста.

Footer-Outline