Апсорпција и метаболизам на фосфор во организмот!

Апсорпција-и-метаболизам-на-фосфор-во-организмот!

Фосфор претставува еден од најважните минерали за нормално функционирање на човечкиот организам. Како составен дел на коските, забите, клеточните мембрани и енергетските молекули, тој е неопходен за нормално функционирање на телото.  Неговата апсорпција и искористување во организмот се подложени на специфични начини на регулација и зависат од повеќе ткива и органи.

Што е фосфор и зошто е важен за организмот?

Како се апсорбира фосфор во организмот

Фосфор е вториот најзастапен минерал во телото, веднаш по калциумот, и учествува со околу 1% од телесната тежина. Повеќе од 85% од фосфорот во организмот се наоѓа во коските и забите во форма на калциум фосфат, додека остатокот е распространет низ целото тело.

Освен што е основна компонента на коскената структура, фосфорот е вклучен во бројни биохемиски процеси, како што е создавање на енергија, преку соединението аденозин трифосфат (АТР). Понатаму, има улога во синтезата на нуклеинските киселини (ДНК и РНК), репарација на оштетени ткива, правилно функционирање на системите за транспорт на енергија и регулација на ензимските активности.

Како се апсорбира фосфор во организмот?

Фосфорот не може да се произведе во телото, затоа неговиот внес зависи целосно од исхраната. Храната богата со протеини, како што се месото, рибата, млечните производи и јајцата, јаткасти полодови и интегрални житарки се главен извор на фосфор. Во нормални услови, апсорпцијата на фосфорот од храната изнесува 60-70%, но таа може да варира во зависност од потребите на организмот. Апсорпцијата на фосфор се одвива главно во тенкото црево, каде што фосфатните јони се пренесуваат во крвотокот. Овој процес е најчесто пасивен, што значи дека не бара дополнитело искористување на енергија.

Што е фосфор и зошто е важен за организмот

Друг начин на апсорпција на фосфор во оранизмот е преку активен транспорт, преку посебни транспортери на цревната слузница, кои побаруваат искористување на енергија. Овој тип на активна апсорпција е поттикнат од  соединението калцитриол-активна форма на витаминот Д. Ова соединение го зголемува бројот на транспортери за фосфор во цревната слузница, со што се подобрува апсорпцијата.

Метаболизмот на фосфорот и неговата регулација во телото!

Метаболизмот на фосфор е прецизно регулиран процес кој обезбедува баланс помеѓу внесот, резервите и елиминацијата на фосфор во телото. Коските претставуваат главен резервоар на фосфор во телото, а минералот може да се ослободува или депонира во зависност од физиолошките потреби. Бубрезите имаат централна улога во одржувањето на нивото на фосфор во крвта, бидејќи тие го филтрираат вишокот фосфор и го излачуваат преку урината. Хормоните како паратироидниот хормон (ПТХ) и калцитриолот играат клучна улога во оваа регулација.

Паратироидниот хормон (ПТХ) е клучен хормон во регулирањето на нивото на калциум и фосфор во телото. Неговата улога во однос на фосфорот е намалување на концентрацијата на фосфор во крвта, со истовремено покачување на калциумот. Исто така, ПТХ ја намалува неговата реапсорпција во бубрезите, со што го поттикнува излачувањето на фосфор во урината.

Калцитриол (активната форма на витамин Д), од друга страна, го зголемува нивото на фосфор во крвта со поттикнување на апсорпцијата во цревата и реапсорпцијата во бубрезите. Овие два механизми се тесно поврзани и работат заедно за одржување на рамнотежата на калциум и фосфор во телото. Нарушувањата во метаболизмот на фосфор може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Хипофосфатемијата, односно ниска концетрација на фосфор во крвта, може да доведе до слабост на мускулите, нарушен раст и енергетска дисфункција на клетките. Наспроти тоа, хиперфосфатемијата, која е состојба на прекумерно високо ниво на фосфор, може да предизвика калцификација на меки ткива, ниско ниво на калциум и нарушувања во градбата на коските.

Заклучок

Фосфор е есенцијален минерал кој е неопходен за одржување на здравјето на коските, клетките и енергетскиот метаболизам. Неговата апсорпција и метаболизам се регулирани преку прецизни механизми во кои учествуваат цревата, коските и бубрезите. Правилната регулација на фосфор е од витално значење за оптимално функционирање на организмот. Внесување на доволни количини на фосфор преку исхраната и одржувањето на здрав метаболизам се неопходни за правилно функционирање на организмот и превенција на заболувања поврзани со минералниот дисбаланс.

Footer-Outline