Хроничен панкреатит: причини, симптоми и можности за третман!

Хроничен панкреатит причини, симптоми и можности за третман!

Хроничен панкреатит е воспалително заболување на панкреасот кое доведува до неповратно оштетување на неговата функција. Најчеста причина за развој на хроничен панкреатит е прекумерна употреба на алкохол. Хроничниот панкреатит може да предизвика сериозни последици по здравјето, како болка, нарушена дигестија, губење на тежина и зголемен ризик од дијабет. Во најтешките случаи, хроничниот панкреатит може да доведе до развој на рак на панкреас. Рано препознавање на симптомите и правилен третман се клучни за спречување на компликации.

Што предизвикува хроничен панкреатит и кои се неговите последици?

Што предизвикува хроничен панкреатит и кои се неговите последици

Хроничен панкреатит е состојба која се карактеризира со повторувачки епизоди на акутно воспаление или присуство на долготраен хроничен воспалителен процес, што води до иреверзибилно оштетување на структурата и функцијата на панкреасот. Различни фактори може да ја предизвикаат оваа состојба, а една од најчестите причини е прекумерна и долгогодишна употреба наалкохол.

Други фактори кои водат до хроничен панкреатит вклучуваат генетска предиспозициција, автоимуни болести, опструкција на панкреатичниот каналпоради присуство на жолчни камчиња, тумори, повреда на панкреасот, како и пушење цигари. Покрај овие познати причини, околу 30% од случаевите на панкреатит се идиопатски, односно со непознато потекло.

Хроничниот панкреатит има сериозни последици поздравјето. Освен што ја нарушува дигестивната функција на панкреасот, оваа болест може да доведе до малнутриција, затоа што организмот не може правилно да ги апсорбира хранливите материи. Една од можните сериозни компликации е развој на дијабет, бидејќи панкреасот не е во можност дапроизведува инсулин поради настанатото иреверзибилно оштетување. Во најтежок случај, хроничниот панкреатит може да доведе до развој на карцином на панкреасот.

Симптоми и дијагноза: Како се препознава хроничниот панкреатит?

Симптомите кај хроничен пакреатит вклучуваат силна болка во горниот дел на абдоменот, која се шири кон грбот и може да се зголеми по јадење. Честа е појавата на гадење и повраќање, губење тежина, како и течна масна столица (стеатореа) со лош мирис, поради нарушена апсорпција на масти од храната. Во подоцната фаза на болеста може да се јават знаци за дијабет, односно зголемено ниво на шеќер во крвта, како жед, често мокрење или матење на свеста. Доколку хроничниот панкреатит е резултат на присуство на жолчни камчиња, може да се појави и жолтица.

Симптоми и дијагноза Како се препознава хроничниот панкреатит

Дијагноза на хроничен панкреатит се поставува врз основа на медицинската историја, симптомите и различни дијагностички тестови. Функцијата на панкреасот наједонставно може да се процени преку лабораториски анализи, кои откриваат покачени нивоа на ензимите амилаза и липаза во крвта. Модалитети како ултразвук, компјутерска томографија (КТ) или магнетна резонанца (МРИ) се користат за да се визуелизира оштетувањето на панкреасот и да се проверат можните опструкции во каналите. Во поретки случаи, може да се направи и биопсија на панкреасот за потврда на воспалението.

Третман, препорачана диета и управување со болеста: Како да се олесни животот со хроничен панкреатит?

Третман, препорачана диета и управување со болеста Како да се олесни животот со хроничен панкреатит

Третманот на хроничен панкреатит има за цел да ја ублажи болката, да спречи понатамошно оштетување на панкреасот и да ги минимизира компликациите. Првиот чекор во третманот е апстиненција од алкохол, бидејќи алкохолот го влошува воспалението. За контрола на болката, се користат аналгетици и анти-инфламаторни лекови.  Доколку постои опструкција на панкреатичните канали со камчиња, можно е да биде потребна дренажа со ендоскопска процедура (ERCP) или хируршка интервенција.

Правилната исхрана игра клучна улога во управувањето со хроничен панкреатит. Се препорачува диета богата со влакна, белковини и малку масти. Заменска терапија со панкреатични ензими се користи кај пациенти со егзокрина панкреасна инсуфициенција, каде што панкреасот не произведува доволно дигестивни ензими. Оваа терапија помага во подобрување на варењето и апсорпцијата на хранливи материи. Ако болеста напредува и доведе до појава на дијабет, пациентите треба да следат со соодветен терапевтски режим, кој вклучува користење на инсулин.

Заклучок

Хроничен панкреатит претставува сериозно воспаление на панкреасот, кое има значителни последици по здравјето. Оваа болест бара редовно следење од страна на лекар, како и соодветен третмани промени во исхраната. Придржување на препорачаната диета, апстиненција од алкохол и редовно следење на функцијата на панкреасот се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на животот и спречување на компликации кај лицата со хроничен панкреатит.

Footer-Outline