Цитомегаловирус: Скриена закана за здравјето!

Цитомегаловирус Скриена закана за здравјето!

Цитомегаловирус (CMV) е вирус кој припаѓа на групата на херпесвируси и е широко распространет низ целиот свет. Иако кај повеќето луѓе инфекцијата поминува незабележано, овој вирус може да биде сериозна закана за здравјето кај одредени ризични групи, особено кај лица со ослабен имунитет, новороденчиња и бремени жени. CMV има способност да остане во организмот во латентна состојба и да се реактивира под одредени услови. Особено кај бремени жени, инфекцијата со CMV претставува сериозен здравствен проблем, бидејќи овој вирус го афектира и бебето, кое може да се роди со конгенитална инфекција или да биде инфицирано по раѓање, во облик на перинатална инфекција.

Што е цитомегаловирус и зошто е опасен за здравјето?

Цитомегаловирус се пренесува преку телесни течности, како што се плунка, урина, крв, мајчино млеко, и преку сексуален контакт. Една од неговите најопасни карактеристики е способноста да остане во телото во мирување и да се реактивира кога имунолошкиот систем ќе стане послаб.

Што е цитомегаловирус и зошто е опасен за здравјето

Кај здрави возрасни лица, CMV обично не предизвикува сериозни проблеми, но за новороденчиња, трансплантирани пациенти и лица со нарушен имунолошки систем, инфекцијата може да биде животозагрозувачка. Особено сериозна и значајна е конгениталната цитомегаловирусна инфекција, која може да доведе до сериозни оштетувања кај новороденчиња, вклучувајќи оштетување на слухот и видот, нарушување на когнитивните функции, микроцефалија, конвулзии, проблеми со црниот дроб, слезената и белите дробови.

Симптоми, дијагноза и ризични групи!

Симптоми, дијагноза и ризични групи!

Кај повеќето здрави луѓе, CMV инфекцијата останува асимптоматска или се манифестира со благи симптоми слични на грип, како што се замор, малаксаност, треска, воспалено грло и зголеменилимфни јазли. Сепак, кај бебиња, постарите лица и имунокомпромитираните лица, инфекцијата може дадоведе до сериозни компликации, како што се пневмонија, гастроинтестинални проблеми, хепатитис, ретинитис, менингитис или енцефалитис (воспаление на мозокот и мозочните обвивки).

Дијагнозата на CMV се поставува преку серолошки тестови, кои го откриваат присуството на специфични антитела, или преку PCR тестови, кои го детектираат присуството на вирусна ДНК во крвта или други телесни течности. Навремено откривање на инфекцијата е од клучно значење, особено кај трудниците.

Превенција и третман: Како да го заштитите вашето здравје?

Превенција и третман Како да го заштитите вашето здравје

Најдобар начин за превенција на инфекција со CMV е почитување на основните хигиенски мерки, како штосе често миење на рацете со сапун и вода, избегнување споделување на лични предмети како што се чаши, четки за заби и прибор за јадење и практикување на безбедни сексуални односи. Бремените жени треба да бидат особено внимателни при контакт со мали деца, бидејќи тие често се носители на вирусот.

За луѓе кои спаѓаат во ризичните групи, може да биде потребна антивирусна терапија за контрола на инфекцијата. Антивирусните лекови какоганцикловир и валганцикловир можат да помогнат во ублажување на симптомите и спречување накомпликации, но тие не го елиминираат вирусот целосно од организмот. Лековите цидофовир и фоскарнет се користат кај резистентните соеви на CMV, но имаат поголем токсичен ефект врз бубрезите.

Заклучок

Инфекција со цитомегаловирус претставува потенцијално сериозно заболување, особено за ранливите групи на населението. Иако кај повеќето луѓе не предизвикува големи здравствени проблеми, за трудниците, новороденчињата, лицата со ослабен имунитет и трансплантираните пациенти, тој може да има сериозни последици по здравјето. Навремена дијагноза, и доколку е потребно примена на антивирусна терапија кај ризичните групи на пациенти е клучно за спречување на компликации.

Footer-Outline