Алергиите сериозно го нарушуваат здравјето и квалитетот на живот на многу луѓе ширум светот. Се смета дека на глобално ниво околу 40% oд популацијата страда од некаков вид на алергија, која најчесто се манифестира како алергиски ринитис. Присуството на алергени може да предизвика различни симптоми, кои варираат од лесни до сериозни, а во некои случаи може да бидат и опаси по животот. Разбирањето на начинот на настанување на алергиите и можностите за заштита од алергените се неопходни за ефикасно управување со симптомите и за подобрување на квалитетот на животот на лицата кои страдаат од алергии.
Алергија е сложена имунолошка реакција, која се јавува кога имуниот систем реагира премногу бурно на присуството на одредени супстанци (алергени), со кои организмот претходно веќе бил во контакт. Алергените се супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции. Овие супстанци организмот ги препознава како опасни, дури и кога тие не претставуваат вистинска опасност. Алергените се присутни насекаде околу нас.
Најчести алергени се поленот, прашината, влакната од миленичиња и други животни, храна, како морски плодови, јатки, јајца, млеко, убоди од инсекти, или одредени лекови. Контактот со нив предизвикува силни имунолошки реакции, посредувани од ИгЕ антитела, кои ги активираат мастоцитите. Овие имуни клетк ослободуваат хистамин, супстанца која е одговорна за најчестите симптоми карактеристични за алергиските реакции.
Симптомите на алергија може да варираат во завнисност од типот на алергенот и начинот на кој сме стапиле во контакт со него. Главни симптоми кои се јавуваат кај алергиските реакции се црвенило и чешање на очите, солзење и секреција од носот, отежнато дишење, кивање и кашлање. Кај некои лица може да се јават кожни реакции, како црвен осип, проследен со оток и чешање.
Гастроинтестиналните симптоми, како болки во стомакот, дијареа или гадење, се јавуваат кога алергените се внесени преку храна. Потешки манифестации на алергискит реакции се астма и дерматитис, додека најсериозна манифестација е анафилактичката реакција, која доколку не се третира навреме може да предизвика смрт.
Основна стратегија за заштита од алергиските реакции е превенција на контакт со алергенот. Одредени лекови, како антихистаминици и кортикостероиди може да помогне во управување и ублажување на симптомите. Сепак, избегнување на контакт со алергените не е секогаш можно, особено кога станува збор за алегени кои се наоѓаат во воздухот. Еден од природните начини за заштита од нив е употреба на назален спреј кој создава заштитна бариера на носната слузница, спречувајќи го на тој начин контактот со полен и други алергени.
Nasaleze Allergy Blocker е назален спреј на природна основа, кој соработува со одбрамбениот механизам на носната мукоза, за да ја зајакне отпорноста спрема алергените кои се пренесуваат по воздушен пат.
Алергиите претставуваат чест здравствен проблем, со кој секојдневно се соочуваат многу луѓе. Преку разбирање на механизмот на алергиските реакции и навремено препознавање на симптомите, можеме проактивно да се заштитиме од алергените и да ги ублажиме нивните ефекти. Основата на менаџирање на симптомите на алергиите е избегнување на контактот со алергени. Употреба на ефикасни сретства кои создаваат заштитна бариера во носот, како Nasaleze Allergy Blocker, може да го намали ризикот од појава на алергиска реакција и значително да го подобри квалитетот на живот на лицата кои страдаат од алергии.