Stomachon

Stomachon е медицинско средство кое помага во ублажување на симптомите од прекумерни гасови во стомакот, болка, надуеност, подригнување, дијареа и констипација кај пациенти со синдром на нервозно дебело црево (IBS).

Stomachon во својот состав содржи 6 состојки, меѓу кои:

  • Veegum® HS – ги абсорбира токсините,бактериите и ротавирусите, и ги оневозможува да се прицврстат на цревната лигавица.
  • Polydimethylsiloxane – ја намалува површинската напнатост на меурчињата од гас во абдоменот и цревата, им овозможува да се слеат помеґу себе и полесно да бидат отстранети
  • Микрокристална целулоза – има стабилизирачки ефект
  • Стеаринска киселина – има емулгирачки ефект
  • Силициум диоксид – го контролира вискозитетот
  • Helianthus annuus oil – има смирувачки и омекнувачки ефект/ и го зголемува вискозитетот

Намена:

  • Обезбедува брзо олеснување од болните симптоми и притисокот од прекумерниот гас во дигестивниот тракт.
  • Ја смирува абдоминалната болка кај пациенти со синдром на иритабилно црево и преовладувачка дијареа.
  • Ја нормализира перисталтиката и ја намалува болката, и на тој начин ја превенира цревната опструкција.

Пакување:

30 капсули

Сподели:

Активни состојки: Во 1 капсула

Природна минерална глина (magnesium aluminium silicate)

Polydimethylsiloxane

Микрокристална целулоза

Хидроксипропил-метил целулоза

Магнезиум стеарат

Масло од семки на сончоглед (helianthus annuus)

Титаниум диоксид

Препорачана дневна доза:

За синдром на нервозно дебело црево (IBS), 2 капсули три пати на ден, за време или после оброк, со голема количина вода (200 ml).

При појава на прекумерни гасови, болка во стомакот, надуеност, подригнување, дијареа или констипација, 1 до 2 капсули при првите знаци на непријатност.

Времетраење на употреба: Не се препорачува употреба на  капсулите Stomachon® подолго од 30 дена во рамките на еден период на лекување. Лекувањето може да се продолжи по период од 4 дена.

Контраиндикации:Да не се употребува за време на бременост, доење и кај деца под 12 години. Не користете во случај на преосетливост кон која било од состојките.

Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза! Да се ​​чува подалеку од дофат на мали деца.

Услови на чување: Да се чуваат на температура од 5-25˚C на суво и темно место во оригиналното пакување.

Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по истекот на рокот на употреба.

Продажни места:

Нашите производи се достапни во сите подобро снабдени аптеки и аптекарски синџири!

Производител:

PK Benelux B.V. ,Vluchtoord 17, Uden, Nederland

Дознајте повеќе