Thyrohelp Slow е дел од семејството Thyrohelp – нехормонски препарати развиени со грижа за тироидната жлезда врз основа на најнови научни сознанија. Уникатена и иновативна формула со фокус на хиперактивна тироидна жлезда.
Што вели науката за хипертироидизам!
Thyrohelp Slow оптимално комбинира 13 активни состојки кои синергистички придонесуваат за нормална функција на тироидната жлезда и хормонална регулација. Избрани поради нивниот одличен безбедносен профил, тие се комбинирани во најефикасни дози, што им овозможува да ги надополнат и подобрат своите корисни ефекти. Поединечно, тие се добро познати на ендокринолозите како сигурни природни препарати во борбата против сè почестиот, но сè уште недоволно дијагностициран проблем – хипертироидизам.
L-CARNITINE
Уште на крајот на минатиот век, се објавени студии врз пациенти (лица) со хипертироидизам, кои сугерираат дека L-карнитинот може да го блокира дејството на тироидните хормони во голем број ткива и на тој начин да придонесе за подобрување на состојбата на хипертироидизам. Акумулираните докази во текот на изминатите 20 години укажуваат дека хипертироидизмот ги осиромашува резервите на карнитин во телото. L-CARNITENE има практично нула токсичност и нема контраиндикации или интеракции со лекови, што открива потенцијал за нејзина клиничка употреба во управување со хипертироидизам. Поновите студии потврдија дека употребата на L-карнитин ги подобрува и спречува симптомите на хипертироидизам и има позитивен ефект врз минерализацијата на коските (Benvenga et al., 2001).
Други истражувања покажаа дека L-карнитинот позитивно влијае дури и во најтешката форма на хипертироидизам – таканаречената тиреотоксична криза (Benvenga et al., 2004). Неодамнешна пилот студија кај пациенти со субклинички хипертироидизам покажа дека комбинацијата на L-карнитин и селен значително ги ублажува нивните симптоми, подобрувајќи го нивниот квалитет на живот. Авторите забележаа дека формулата е погодна за долготрајна употреба и може да се користи како превенција од повторување на симптомите (Nordio, 2017).
СУВ ЕКСТРАКТ ОД AJUGA REPTANS
Ajuga reptans е богат со литосперминска киселина и други органски киселини, кои се одговорни за нејзината ефикасност. Овие состојки го зголемуваат нивото на тироид-стимулирачкиот хормон (TSH) во телото и го намалуваат нивото на тироидните хормони тироксин (T4) и тријодтиронин (T3) (Wagner, Hörhammer & Frank, 1970; Winterhoff et al., 1994). Екстрактот го спречува врзувањето на антителата за тироидната жлезда (Auf’mkolk et al., 1985), што е основа на најчестата форма на хипертироидизам – Гравесова болест.
СУВ ЕКСТРАКТ ОД MELISSA OFFICINALIS
Екстрактот од melissa е богат со розмаринска киселина, која се наоѓа и во мајчината душица. Оваа супстанца ја намалува прекумерната активност на Т-клетките на имунолошкиот систем и ослободувањето на проинфламаторни цитокини, ефект што придонесува за враќање на рамнотежата на тироидните хормони кај автоимуните заболувања на тироидната жлезда (Friedman, 2013). Студиите покажаа дека комбинацијата од melissa и ајдучка трева може да неутрализира многу од негативните ефекти од високите нивоа на тироидни хормони (Auf’mkolk et at., 1984).
Melissa има благ супресивен ефект врз функцијата на тироидната жлезда и може да влијае на депресивните симптоми, што ја прави соодветна состојка за пациенти со хипертироидизам (Oates, 2013).
ZINC (ЦИНК)
Ниските нивоа на цинк се поврзани со зголемен автоимунитет – пациентите со неправилна функција на тироидната жлезда со недостаток на цинк имаат високи нивоа на антитела против тироидната жлезда – TPO и Tg (Ertek S, et al. 2010).
Најновите податоци покажуваат дека над 5% од дисфункциите на тироидната жлезда остануваат недијагностицирани. Ова е особено точно за постарите лица, каде што процентот е до двојно поголем. Околу 1/3 од недијагностицираните дисфункции на тироидната жлезда се видови на хипертироидизам (Lucas et al., 2010; Diab et al., 2019). Полот што е повеќе изложен на ризик е дефинитивно женскиот, при што жените се до 12 пати повеќе изложени на ризик од хипертироидизам во споредба со мажите. (Vanderpump, 2011; Diab et al., 2019).
SELENIUM (СЕЛЕН)
Тироидната жлезда е орган со највисоки нивоа на селен во целото тело, а одржување на нормални физиолошки нивоа на селен е клучно за нејзино правилно функционирање и спречување на заболувања на тироидната жлезда (Ventura, M., et al., 2017).
Ниските нивоа на селен ги влошуваат негативните последици од недостаток на јод (Arthur, JR, 1991), се поврзани со субакутен тироидитис, како и со најчестите малигни тумори на тироидната жлезда – папиларен и фоликуларен карцином (Moncayo, R., et al., 2008). Вкрстена студија со над 6000 луѓе покажа дека ниските нивоа на селен во серумот се поврзани со зголемен ризик од автоимун тироидитис (Wu, Q., et al., 2015). Во континуитет се докажува дека суплементацијата со селен може да придонесе за намалување на антитела против тироидната жлезда, подобрување на ултразвучната структура на тироидната жлезда и поволно влијание врз автоимуниот тироидитис, вклучувајќи ја и Гравесовата болест – главна причина за хипертироидизам кај возрасните (Toulis, KA, et al., 2010; Drutel, A., et al., 2013; Ventura, M., et al., 2017; Zheng, et al, 2018). Докажано е дека внесот на селен ги подобрува клиничките симптоми кај пациенти со Гравесова болест (Drutel, A., et al., 2013), како и кај пациенти со лесна до умерена офталмопатија поврзана со тироидната жлезда (Ventura, M., et al., 2017).
B VITAMINI
Хипертироидизмот е хиперметаболна состојба што доведува до забрзано осиромашување на хранливите материи од телото, особено витамини растворливи во вода, како што се оние од групата Б. Витамините Б се клучни за енергетскиот метаболизам, а нивниот недостаток се забележува во голем број случаи на хипертироидизам и автоимун тироидитис. Исто така, постојат докази дека нивниот дополнителен внес може да ја подобри состојбата и симптомите кај пациенти со хиперактивна тироидна жлезда (Colleran et al., 2003; Sriphrapradang et al., 2016; Collins & Pawlak, 2016).
VITAMIN D
Недостаток на витамин Д е честа состојба поврзана со автоимуни заболувања на тироидната жлезда, како што e Гравесовата болест. Понатаму, докажано е дека голем број тумори на тироидната жлезда се поврзани со нарушена сигнализација на витамин Д (Kim, D., 2017). Недостатокот на витамин Д е значително поголем кај пациенти со автоимун тироидитис и веројатно игра улога во патогенезата на нивната состојба – пронајдена е значајна корелација помеѓу присуството на антитела против тироидната жлезда и недостатокот на витамини растворливи во масти (Kivity, S., et al., 2010). Досега, доказите што ја поддржуваат употребата на витамин Д како потенцијално оружје во борбата против автоимуните заболувања на тироидната жлезда се многу позитивни. Неколку клинички испитувања покажаа дека суплементацијата со холекалциферол има корисни ефекти врз нивоата на антитела против тироидната жлезда и Т4 (Chaudhary, S., et al., 2016; Simsek, Y., et al., 2016; Chaudhary, S., 2018).
VITAMIN C
Уште од 1970-тите е познато дека пациентите со хипертироидизам имаат ниски нивоа на витамин Ц (Dubey et al., 1997). Овие наоди со текот на времето се потврдени и од други автори (Ademoglu et al., 1998 и Alicigüzel et al., 2001). Некои научници забележале покачени нивоа на липидни пероксиди кај хипертироидизам и известуваат дека, како антиоксиданс, дополнителниот витамин Ц може да има позитивен ефект во такви состојби (Kumar et al., 2004).
Активни состојки:
L-карнитин тартарат: 150 mg
Сув екстракт од (Ajuga reptans): 50 mg
Сув екстракт од (Lavandula officinalis): 50 mg
Сув екстракт од (Melissa officinalis): 50 mg
Селен (sodium selenite): 27.5 mcg
Цинк (zinc oxide – 6.25mg): 5 mg
Витамин Б1 (thiamine hydrochloride): 1.1 mg
Витамин Б2 (riboflavin): 0.7 mg
Витамин Б3 (niacin – nicotinamide): 8 mg NE
Витамин Б6 (pyridoxine hydrochloride): 0.7 mg
Витамин Б12 (cyanocobalamin): 1.25 mcg
Витамин Ц (L-ascorbic acid, antioxidant): 40 mg
Витамин Д (cholecalciferol): 10 mcg
Препорачана дневна доза: 1 капсула дневно.
Контраиндикации: Не се употребува за време на бременост и доење. Да не се употребува при преосетливост кон некоја од состојките.
Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза! Да се чува подалеку од дофат на мали деца.
Услови на чување: Во оригинално пакување, заштитено од светлина и влага, на температура до 25°C.
Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по истекот на рокот на употреба.
