Синдром на нервозно дебело црево (IBS) е пореметување на дигестивниот тракт, од кое страдаат многу луѓе ширум светот. Оваа состојба предизвикува непријатни симптоми, како болка во стомакот, грчеви и промени во столицата, кои значително влијаат на квалитетот на живот.
Разбирањето на IBS и неговите симптоми е клучно за развивање на ефективни стратегии за управување и третман.
Синдром на нервозно дебело црево (IBS) е хронично пореметување на функцијата на цревата, што значи дека не се присутни утврдени промени на органите за варење. Синдромот се карактеризира со комбинација од симптоми кои се јавуваат поврзани со периоди на емоционален стрес, нездрави навики и поретко инфекции. Овој синдром не го загрозува сериозно животот на пациентите, меѓутоа предизвикува значаен физички и психолошки проблем.
Причините за појава на IBS не се целосно разјаснети, но се верува дека вклучуваат комбинација на генетски, психолошки и фактори од околината. Околу 70% од лицата кои страдаат од IBS се жени, а други ризик фактори се генетиката, алергии и интолеранција на храна и неправилна исхрана.
Симптомите на IBS можат да варираат од лице до лице, но најчесто вклучуваат болка и грчеви во стомакот, кои се поврзани со празнење на цревата. Присутни се промени во честотата и изгледот на столицата во вид на дијареа, запек или наизменична појава на двете. Зголемено производство на гасови и чувство на тежина во стомакот после оброк се исто така присутни. За поставување на дијагноза на IBS потребно е овие симптоми да се јавуваат најмалку еднаш неделно, во последните три месеци.
Управување со синдромот на иритабилен колон (IBS) може да вклучува различни стратегии. Во најефективните начини за регулирање на симптомите на IBS спаѓаат:
Стомахон е медицинско средство кое помога со управување со симптомите на синдром на нервозно дебело црево (IBS). Овој производ е создаден да се бори против проблеми поврзани со дигестија и да ја поддржи правилната цревна функција. Стомахон капсулите содржат природна минерална глина (magnesium aluminium silicate) и polydimethylsiloxane како активна компонента. Овие состојки не се апсорбираат од страна на цревата, туку ги апсорбираат бактериите, токсините и вирусите и водат до полесна агрегација на меурчињата од гас во цревата. Тие овозможуваат полесно исфрлање на гасовите, брзо ослободување од болните симптоми и помагаат во одржување на здрава цревна микрофлора.
Синдромот на нервозно дебело црево (IBS) е пореметување во варењето на храната, кое предизвикува значителни физички и психолошки проблеми кај пациентите. Управувањето со симптомите бара индивидуален пристап и со соодветна стратегија, пациентите можат да водат нормален живот. Капсулите Стомахон, со своите активни состојки на природна база, нудат ефикасно решение за подобрување на цревната функција и ублажување на симптомите поврзани со IBS.