Здравјето на очите е од суштинско значење за нашата општа благосостојба и квалитет на живот. Сепак, со денешното брзо темпо на живот, нашите очи се изложени на бројни фактори кои можат да го нарушат нивното здравје, како што се долготрајна работа пред дигитални екрани, загадување на воздухот, неправилна исхрана и изложеност на ултравиолетови (UV) зраци.
За да ги заштитиме очите од овие штетни фактори и да ја зголемиме нивната отпорност, важно е да вклучиме соодветни количини антиоксиданси во нашата исхрана. Антиоксидансите нудат заштитата на клетките на ретината, спречуваат оштетување на видот и ги намалуваат знаците на стареење на кожата околу очите.
Антиоксидансите играат клучна улога во заштитата на видот преку неутрализирање на слободните радикали – нестабилни молекули кои предизвикаат забрзано стареење и оштетување на клетките. Овие слободни радикали се резултат на природни процеси во телото, но и на надворешни фактори како што се изложеноста на ултравиолетово зрачење, пушењето и загадувањето.
Очите се особено чувствителни на негативните ефекти на слободните радикали. Антиоксидансите помагаат во намалување на воспаленијата и можат да го забават процесот на стареење на очите и да го намалат ризикот од развој на заболувања како што се катаракта, глауком и макуларна дегенерација. Со додавање на антиоксиданси во секојдневната исхрана, можеме да го подобриме здравјето на нашите очи.
Најбогат извор на антиоксиданси се овошјето и зеленчукот. Витамин Ц, кој се наоѓа во цитрусните овошја како портокали и лимони, како и во јагодите, грозјето и кивите, е еден од најпознатите антиоксиданси корисни за здравјето на очите. Витамин Ц е неопходен за здравјето на крвните садови кои го исхрануваат окото и помага во спречување на појава на катаракта.
Друг антиоксиданс неопходен за одржување на добар вид е бета-каротенот, присутен во поголеми количини во морковите, тиквата, слаткиот компир и други црвени и портокалови зеленчуци. Тој во нашиот организам се метаболизира и се претвора во витамин A, кој претставува клучен структурен дел на т.н. стапчиња и чепчиња во ретината. Главна функција на овие клетки во окото е воспремање на светлина и бои, што овозможува гледање ноќе и разликување на боите.
Понатаму, лутеин и зеаксантин се антиоксиданси кои се среќаваат во зелените лиснати зеленчуци како спанаќ и кељ. Тие имаат моќна заштитна улога, помагаат во филтрирање на штетните зраци од спектарот на светлината и спречуваат оштетување на ретината.
Покрај овошјето и зеленчукот, извори на антиоксиданси, особено на витамин E се растителните масла, оревите и семките. Витаминот Е има моќни антиинфламаторни својства и ги штити нашите очи од предвремено стареење и појава на дегенеративни заболувања.
Соодветен внес на антиоксиданси е од исклучителна важност за поддршка на здравјето на очите. Luvalyc претставува додаток во исхраната во форма на капсули, кои содржат супстанци со моќни антиоксидативни својства. Едни од главните состојки се витамин Е, лутеин и ликопен. Овие ефикасни антиоксиданси делуваат антиинфламаторно и помагаат во заштитата на ретината од штетните ефекти на синото светло и ултравиолетовите зраци.
Освен тоа, капсулите Lavalyc содржат природни супстанци, познати како антоциани, со потекло од екстрактот од боровинка, аронија и семки на грозје. Овој додаток во исхраната е корисен во превентивна заштита на очите од ефектите на штетните слободни радикали, но исто така имаат бенефит кај лица кои страдаат од макуларна дегенерација, високостепена миопија и други очни болести.
Антиоксидансите имаат клучна улога во одржувањето на здрави очи и превенцијата на очни заболувања. Тие ги штитат клетките на очите од слободни радикали и го забавуваат процесот на стареење на очите, намалувајќи го ризикот од развој на катаракта, глауком, макуларна дегенерација и други болести на очите. Природните извори на антиоксиданси, како што се овошјето, зеленчукот, оревите и семките, треба редовно да бидат вклучени во исхраната, а употребата на додатоци во исхраната како Luvalyc има дополнително протективно дејство. Со усвојување на здрави животни навики и обезбедување на соодветен внес на антиоксиданси, можеме да ги заштитиме нашите очи од предвремено стареење и да го одржиме нашиот вид на долг рок.