Како да се ослободите од гасови во стомакот брзо и ефикасно?

Како-да-се-ослободите-од-гасови-во-стомакот-брзо-и-ефикасно

Чувството на надуеност во стомакот може да биде навистина непријатно, проследено со благ дискомфор, грчеви, па дури и болка. Присуството на гасови во дигестивниот тракт често е придружено со подждригнување, па лесно може да предизвика непријатност и да ги наруши вашите секојдневни активности. Причините за појавата на гасови и надуеност се многубројни, што го прави третманот предизвик и за пациентите и за лекарите. Сепак, постојат едноставни и ефективни начини кои можат да ви помогнат да се ослободите од гасовите и повторно да се чувствувате пријатно и лесно.

Најчести причини за гасови во стомакот!

Најчести причини за гасови во стомакот!

Присуството на гасови во системот за варење не е опасна состојба, но тоа може да претставува знак дека постои некој друг здравствен проблем во позадина. Причините за појава на гасови се многубројни и често се поврзани со секојдневните навики и животен стил. Една од најчестите причини за појава на гасови во стомакот е пребрзо јадење, што може да доведе до голтање на воздух. Понекогаш, може да станува збор за забавено гастрично празнење. Исто така, храна богата со шеќери и маснотии може да го наруши процесот на варење, предизвикувајќи надуеност и гасови.

Инфекциja со бактеријата Helicobacter pylori може да се манифестира како често подждригнување, надуеност и болка во стомакот. Исто така, интолеранција на глутен или лактоза може да биде причина за појава на гасови и потешкотии при варењето, особено при консумирање на леб, житарки, млеко и млечни производи. Емоционалниот стрес, недоволниот сон и дисбалансот на цревниот микробиом исто така може да придонесат за појава на гасови и надуеност.

Како да се ослободите од непријатни гасови?

За да се намали појавата на непријатни гасови во стомакот, важно е да се внимава на темпото на јадење, со цел да се спречи непотребното голтање воздух и прејадување. Покрај тоа, важно е да се избегнува храна која предизвикува надуеност, односно премногу зачинета, масна, или храна богата со шеќери. Намирници кои најчесто предзвикуваат гасови се мешунките – леќа, грав, грашок, потоа зеленчуци како брокули, карфиол, зелка, праз, бел леб, тестенини и други продукти богати со шеќери.

Физичката активност и правилно држење на телото исто така играат значајна улога во намалувањето на гасовите. Умерена физичка активност, како што е возењето велосипед или пешачење, може да помогне во ослободување од вишокот гасови и чувството на надуеност.

Пробиотиците се од големо значење за нормализирање на составот на цревната микрофлора. Пробиотиците содржат живи микроорганизми кои помагаат во одржување на здрава цревна флора, што го подобрува варењето на храна и го намалува создавањето на гасови.  Редовен внес на ферментирани продукти како јогурт, кефир, кисела зелка, комбуха, исто така може да влијаат позитивно на цревната микрофлора.

Доколку овие мерки не дадат резултат, неопходно е да се консултирате со вашиот лекар или со гастроентерохепатолог. Тој може да ве упати на одредени испитувања и доколку е потребно, да ви препише терапија, како инхибитори на протонска пумпа или антациди, кои имаат гастропротективно дејство.

Стомахон: Брзо и природно решение за гасови во стомакот!

Стомахон Брзо и природно решение за гасови во стомакот

Стомахон капсулите се природна алтернатива за ослободување од вишокот гасови. Стомахон може да помогне во ублажување на симптомите на болка, надуеност, подригнување, дијареа и констипација кај пациенти со синдром на нервозно дебело црево (IBS).

Стомахон содржи природна минерална глина (magnesium aluminium silicate) и polydimethylsiloxane како активна компонента. Овие состојки не се апсорбираат од страна на цревата, туку ги апсорбираат бактериите, токсините и вирусите и истовремено водат до полесна агрегација на меурчињата од гас во абдоменот и цревата, овозможувајќи нивно полесно исфрлање од дигестивниот тракт. Освен тоа, тие ја возобновуваат природната бариера на интестиналните клетки во дигестивниот тракт.

Заклучок

Чувството на надуеност во стомакот, придружено со гасови, подждригнување или болка може да биде сериозна пречка при извршување на секојдневните активности. Причините кои водат до овие симптоми се многубројни, а наједноставно решение е правилна исхрана, практикување на редовна физичка активност, како и употреба на пробиотици. Во случај на хронични проблеми, неопходна е консултација со лекар. Капсулите Стомахон претставуваат ефикасно природно решение за ослободување од вишокот на гасови во абдоменот.

Footer-Outline