Синдром на нервозно дебело црево (IBS): Симптоми и третман!

Синдром-на-нервозно-дебело-црево-(IBS)-Симптоми-и-третман

Нарушеното варење на храната може да претставува голем проблем, особено кога е придружено со болка, грчеви и гасови. Синдром на нервозно дебело црево (IBS) е состојба која засега милиони луѓе ширум светот и значително влијае на квалитетот на животот. IBS не го загрозува сериозно животот на пациентите, меѓутоа предизвикува значаен физички и психолошки проблем. Меѓутоа, со правилен пристап и соодветен третман, симптомите може да се ублажат и да се намали нивното влијание врз секојдневието.

Што е синдром на нервозно дебело црево (IBS)?

Што е синдром на нервозно дебело црево

Синдромот на иритабилни црева (IBS), уште познат како синдром на нервозно дебело црево се карактеризира со пореметена функцијата на цревата, без притоа да постојат одредени структурни нарушувања на дигестивниот систем. Причините за појава на IBS не се целосно разјаснети, но се верува дека вклучуваат комбинација на генетски, психолошки и фактори од околината. Околу 70% од лицата кои страдаат од IBS се жени, а други ризик фактори се генетиката, алергии, интолеранција на храна и неправилна исхрана.

Симптомите на IBS можат да варираат од лице до лице, но најчесто вклучуваат болка, грчеви и чувство на подуеност на стомакот. Присутни се промени во честотата и изгледот на столицата во вид на дијареа, запек или наизменична појава на двете. За поставување на дијагноза на IBS потребно е овие симптоми да се јавуваат најмалку еднаш неделно, во последните три месеци.

Како да управувате со симптомите на Синдром на нервозно дебело црево (IBS)?

Управувањето со синдромот на иритабилни црева (IBS) вклучува различни стратегии и потребен е индивидуализиран пристап.  Еден од најефективните начини за регулирање на симптомите на IBS е прилагодување на исхраната. Важно е да се идентификуваат состојките од храната кои предизвикуваат симптоми. Препорачлива е т.н. Low-FODMAP диета, односно избегнување на јаглехидрати кои се ферментираат во цревата. Продукти кои најчесто можат да предизвикаат симптоми се млеко и млечни производи, зеленчуци како лук, кромид, праз, леќа и грав, житарици на база на пченица итн.

Подеднакво важна е и редовната физичка активност која го намалува стресот и помага во регулирање на бројот на столици. Практикување на техники за релаксација и менаџирање на емоционалниот стрес, исто така можат да имаат позитивен ефект. Доколку е потребно, може да бидат препорачани и пробиотици, антиспазмолитици или лаксативи. Важно е симптомите да се следат и да се води дневник на исхрана и навики, со цел полесно да се идентификуваат потенцијалните тригери.

Стомахон: Ефикасно решение за управување со симптомите на IBS!

Стомахон Ефикасно решение за управување со симптомите на синдром на нервозно дебело црево

Стомахон е производ кој помога во управување со симптомите на синдром на нервозно дебело црево (IBS). Овој производ е создаден да се бори против проблеми поврзани со дигестија и да ја поддржи правилната цревна функција. Стомахон капсулите содржат природна минерална глина и polydimethylsiloxane како активна компонента.

Овие состојки не се апсорбираат од страна на цревата, туку ги апсорбираат бактериите, токсините и вирусите и водат до полесна агрегација на меурчињата гас во цревата. Тие овозможуваат полесно исфрлање на гасовите, брзо ослободување од болните симптоми и помагаат во одржување на здрава цревна микрофлора.

Заклучок

Синдромот на нервозни црева (IBS) е пореметување во варењето на храната, кое предизвикува значителни физички и психолошки проблеми кај пациентите. Управувањето со симптомите бара индивидуален пристап и со соодветна стратегија, пациентите можат да водат нормален живот. Капсулите Стомахон, со своите активни состојки на природна база, нудат ефикасно решение за подобрување на цревната функција и ублажување на симптомите поврзани со IBS.

Footer-Outline