Fibrozyme е граничен производ во форма на гастро-резистентни капсули наменет за намалување на симптомите на акутно и хронично воспаление како што се болка, оток, еритем, хиперкоагулација и зголемена температура.
Fibrozyme во својот состав содржи 3 состојки, меѓу кои:
Намена:
Пакување:
30 капсули
Активни состојки: Во 1 капсула
Серапептаза (Serrapeptase) – 20mg (40 000 SPU)
Бромелаин (Bromelain) – 200mg (1200 GDU)
Кверцетин (Quercetin) – 100mg
Помошни состојки: Емулгатор: Микрокристална целулоза, Средство против слепување: Силициум диоксид, Стабилизатор: Магнезиум стеарат
Препорачана дневна доза:
Да се употребуваат 2 до 3 каспули на ден, распределени на еднакви одделни дози.
Во определени случаи дозирањето може да се зголеми до 6 капсули на ден.
Капсулите треба да се земаат цели со обилно количество на вода 30 минути пред, или 90 минути по јадење.
Употребата се продолжува до исчезнување на симптомите.
Времетраење на употреба: Препорачаниот период на употреба изнесува 30 до 60 дена.
Контраиндикации: Не употребувајте ако сте пречувствителни (алергични) кон некоја од активните или останатите помошни состојки на граничниот производ.
Вашиот лекар треба внимателно да ја процени употребата на Фиброзим за време на бременоста со оглед на очекуваниот однос на полза и веројатниот ризик.
Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза! Да се чува подалеку од дофат на мали деца.
Услови на чување: Граничниот производ да се чува во оригинално пакување, заштитено од светлина и влага, на собна температура(15-25 ° C).
Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по истекот на рокот на употреба.
Продажни места:
Нашите производи се достапни во сите подобро снабдени аптеки и аптекарски синџири!
Производител:
Plantapol S.L.-Pol Malpica Alfindén, G-18, 50171-La Puebla de Alfindén, Zaragoza; Шпанија