Nasaleze Allergy

Nasaleze Allergy Blocker е спреј во облик на прав кој помага во заштита против алергиски ринит, и други алергени кои се пренесуваат преку воздухот и се инхалираат преку вашиот нос, како полен, прав и животински влакна.

Nasaleze Allergy Blocker во својот состав содржи 2 состојки, меѓу кои:

  • Природна целулоза и мента во облик на прав – овие состојки формираат заштитна бариера во форма на гел против алергени кои се пренесуваат преку воздухот.

Намена:

  • Превентивен третман против поленска треска и алергии

Пакување:

1 спреј x 800мг

Сподели:

Активни состојки:

HPMC (hydroxypropylmethylcellulose) – 98.5%

Mentha piperita во прав – 1.5%

Како делува Nasaleze Allergy Blocker?

Nasaleze се претвора во гел во носот со што се прави бариера и заштита од аеробни алергени. Овој метод е клинички докажан и проверен во преку 20 студии до денеска. За да ги добиете најдоброте резултати од Nasaleze ве молиме читајте чекор по чекор од подолунаведеното упатство.

Начин на употреба:

  1. Издувајте го носот за да го исчистите.
  2. Пред секоја употреба, секогаш протресете го шишенцето.
  3. Отстранете го капачето.
  4. Наместете ја млазницата од шишенцето внатре во едната ноздрва и притеснете со оној притисок што го пробавте, додека нежно вдишувате.
  5. Повторете го чекорот број 4 во другата ноздрва.
  6. Повторувајте ја постапката секој пат кога ќе го издувате носот.

Препорачана дневна доза: 2 до 3 пати на ден, пред да стапите во контакт со надворешниот воздух. Заштитната бариера трае 6 часа по апликација.

Контраиндикации:Да не се употребува кај деца под 18 месеци. Не користете во случај на преосетливост кон која било од состојките.

Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза! Да се ​​чува подалеку од дофат на мали деца.

Услови на чување: Да се чува на собна температура од 5-30˚C.

Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по истекот на рокот на употреба.

Продажни места:

Нашите производи се достапни во сите подобро снабдени аптеки и аптекарски синџири!

Дознајте повеќе