Ovula

Ovula е тест за овулација наменет за откривање на нивото на LH (лутеинизирачки хормон) во урината.

Принцип:

Лутеизинирачкиот хормон (LH) е секогаш присутен во човечката урина. Нивото на LH забележително се покачува пред денот кој е најадеквантен за забременување. Ова покачување на нивото на LH значи дека јајце клетките се ослободени од овариумите. Јајце клетката може да биде оплодена во следните 6 – 24 часа по овулација.

Со следење на нивото на LH со текот на времето, можете да ги идентификувате вашите најплодни денови.

Пакување:

2 теста

Сподели:

Кога треба да се направи тестирањето:

Тестот се прави два пати дневно со пауза од 8 часа секој ден. Најдобро време за тестирање е 11 часот наутро, помеѓу 3 и 5 попладне и 10 часот навечер.

Точното време од месецот за да започнете со тестирање зависи од должината на вашиот менструален циклус. На пример, ако вашиот нормален циклус е 28 дена, ќе треба да започнете со тестирање на вашиот 11-ти ден. Ако имате различен интервал на циклус, погледнете ја следната табела.

Вкупен број на денови Кој ден да започнете со тестирање
21 5
22 5
23 6
24 7
25 8
26 9
27 10
28 11
29 12
30 13
31 14
32 15
33 16
34 17
35 18
36 19
37 20
38 21
39 22
40 23

Процедура на тестот:

  1. Соберете урина во чиста пластична чашка;
  2. Бидете сигурни дека тестот е на собна температура;
  3. Отворете го тестот и поставете го на рамна површина;
  4. Земете примерок од урината со пластичната пипета;
  5. Капнете 2 – 3 капки урина во вдлабнатината;

Резултати:

Резултатите од тестот се готови за 5 минути, резултатите по изминати 10 минути не треба да се земаат во обзир.

Начин на чување:

Тестот се чува на температура од 4-30˚C и не смее да се замрзнува. Тестот е валиден доколку се чува под овие услови и до рокот на употреба.

Продажни места:

Нашите производи се достапни во сите подобро снабдени аптеки и аптекарски синџири!