Urimil

Urimil е додаток на исхрана во форма на капсули наменет да ја поддржува нормалната функција на периферниот нервен систем и обезбедува олеснување при: болка, мускулна слабост, трпнење, пецкање и вкочанетост.

Urimil во својот состав содржи 6 состојки, меѓу кои:

  • Уридин монофосфат, витамините Б1, Б3, Б6, Б12 и фолна киселина се од големо значење за нормално функционирање на нервниот систем. Сите тие се основни нутриенти кои организмот неможе да ги синтетизира. Urimil му обезбедува на организмот точна комбинација од 6 важни нутриенти, кои помагаат во обновување на миелинската обвивка и регенерацијата на оштетените (нервни клетки) неврони.

Намена:

  • Заболување на нервот, коренот на нервот и плексус
  • Полинеуропатии и други заболувања на периферниот нервен систем
  • Артропатии
  • Дорзопатии
  • Заболувања на синовија и тетива
  • Други заболувања на мекото ткиво
  • Остеопатии и хондропатии
  • Други болести на мускулоскелетниот систем и сврзно ткиво

Пакување:

30 капсули

Сподели:

Активни состојки: Во 1 капсула

Уридин монофосфат – 50мг

Витамин Б3 (никотинамид) – 10мг NE

Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) – 6мг

Витамин Б1 (тиамин хидрохлорид) – 4мг

Витамин Б12 (цијанокобаламин) – 10µг

Фолна киселина – 400µг

Помошни состојки: стабилизатор – малтодекстран, емулатори – магнезиум стеарат и микрокристална целулоза

Препорачана дневна доза: по 1 капсула на ден

Времетраење на употреба: За оптимален ефект се препорачува производот да се употребува 3-6 месеци.

Контраиндикации: Не се употребува за време на бременост, доење и кај деца под 6 години. Да не се употребува при преосетливост кон некоја од состојките.

Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза! Да се ​​чува подалеку од дофат на мали деца.

Услови на чување: Во оригинално пакување, заштитено од светлина и влага, на температура до 25°C.

Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по истекот на рокот на употреба.

Продажни места:

Нашите производи се достапни во сите подобро снабдени аптеки и аптекарски синџири!

Дознајте повеќе