Политика за користење на колачиња

Друштво за трговија и услуги ВИЗИОМЕД ГБГ ДООЕЛ Скопје, (во овој текст: „Визиомед“, “Viziomed”, „ние“, „нас“ или „наше“), како и многу други компании користи технологија на колачиња (“cookies”) на нашата веб страна и/или други медиуми на Визиомед врз основа на која се добиваат податоци што помагаат да се подобри Вашето искуство како посетител и корисник.

Оваа политика за колачиња има за цел да Ви појасни што се колачиња, видовите колачиња кои ги користиме и зошто ги користиме, начинот на кој ги користиме, информациите кои ги собираме со користење на колачиња, како се користат тие информации и како се контролираат преференциите на колачињата.

Што се колачиња (cookies)?

Колачињата или “cookies” се мали текстуални датотеки (делови од код) кои се користат за подобрување на корисничкото искуство при посета на нашата веб страна. Колачињата функционираат така што при посета на веб страната, истите се поставуваат на Вашиот уред заради чување на информации за Вашата посета. При секоја следна посета, колачињата се испраќаат назад до веб-локацијата од која потекнуваат или до друга веб-локација што го препознава тоа колаче. Колачињата извршуваат многу различни и корисни функции, како на пример паметење на Вашите преференци, генерално подобрување на Вашето „онлајн“ искуство и ни помагаат да Ви понудиме најдобри услуги.

Постојат многу видови колачиња. Сите тие функционираат на сличен начин, но се разликуваат по својствата и намената. Сите колачиња се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои Вашиот пребарувач може да ги поврати, но истите не содржат програми, вируси или малициозен софтвер.

При посета на нашата веб страна, ќе забележите порака која препорачува да ги прифатите сите колачиња што ги користиме заради оптимално искуство при пребарувањето. Освен неопходните колачиња, кои не можат да се исклучат, сите други видови колачиња можете да ги одобрите со штиклирање на полето пред нив. Доколку не ги одобрите изрично, ќе се смета дека не сте ги прифатиле.

Какви видови на колачиња постојат?

Постојат разни видови колачиња и тие можат да се поделат во неколку групи и тоа: според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта).
Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории:

1) Колачиња за време на сесијата

2) „Трајни (упорни) колачиња“.

1) Колачињата за време на сесијата се привремени. Сесијата започнува кога корисникот го стартува прозорецот од прелистувачот, односно започнува со користење на апликацијата и завршува кога корисникот ќе го затвори прозорецот од прелистувачот, односно ќе престане со користење на апликацијата. Овие колачиња автоматски ќе бидат избришани од Вашиот компјутер со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот.

2) Трајните колачиња остануваат на Вашиот уред до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата. Тие се активираат секој пат кога корисникот ќе ја посети веб-страната односно апликацијата што го има поставено тоа колаче.

Според доменот на кој припаѓаат колачињата се поделени на:

1) Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот

2) Колачиња кои се поставени од трети страни.

1) Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот уште се нарекуваат и колачиња од прва страна. Овие колачиња им овозможуваат на сопствениците на веб-страните / апликациите да собираат аналитички податоци, да ги паметат поставките за јазикот и да вршат други корисни функции кои обезбедуваат подобро корисничко искуство.

2) Вашето користење на нашата веб страма може да резултира со складирање на одредени колачиња кои не се под контрола на Визиомед. Ова може да се случи кога веб-страната која ја посетувате користи аналитика од трети страни или алатка за автоматизирање/управување со рекламирањето (како алатките што ги нуди Google и Oracle) или се прикажуваат содржини од веб-страна на трети страни, на пример, YouTube, Instagram или Facebook. На овој начин ќе добиете колачиња од услугите на таа трета страна, при што Визиомед може да не го контролира складирањето или пристапот до овие колачиња. Во тој случај, Ви препорачуваме да ги погледнете политиките на приватност и колачиња за овие услуги на третите страни и да дознаете како овие трети страни користат колачиња.

Зошто се користат колачињата?

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб страната од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата можат да содржат различни видови информации за Вашата посета на одредена веб страна, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за Вас, но можат да соберат информации за Вашите навики на пребарување.

Колачињата значително го подобруваат корисничкото искуство со спречување на потребата за избор на истата опција при секое посетување на страница.

Како можам да ги контролирам преференциите за колачиња?

Подесување на колачињата може да се направи преку опцијата „Поставки за колачиња“, каде може да се подесат колачињата кои не се задолжителни.
Со кликање на копчето „Не прифаќам колачиња“, се оневозможуваат Аналитичките и Маркетинг колачињата, додека Задолжителните колачиња остануваат активни од причина што истите се неопходни веб- страната да функционира на начин на кој се очекува.

Задолжителните колачиња може да се оневозможат преку интернет прелистувачот.
Исто така, менито „Помош“ („Help“) во лентата со алатки на интернет прелистувачот на Вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците:

- Да ги прифатите сите колачиња;
- Како да ги исклучите колачињата од трети страни;
- Како да го поставите прелистувачот да Ве извести кога ќе примите ново колаче;
- Како целосно да ги исклучите колачињата.

Оневозможувањето на колачиња на овој начин ќе спречи поставување нови колачиња, но нема да престане да функционираат претходно поставените колачиња на Вашиот уред, освен ако не ги избришете сите колачиња во поставките на прелистувачот. Доколку целосно ги исклучите колачињата, тогаш постои можност веб-страната да не функционира на начин како што очекувавте. За да се спречи ова, Ви препорачуваме да ги прифатите колачињата.

Зошто користиме колачиња?

На нашата веб страна користиме колачиња поради следниве причини:
- За техничко функционирање на Платформата;
- За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
- За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не се согласувате) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страна.

Политиката за користење на колачиња е дел од нашата рамка за заштита на лични податоци, како и дел од Политика за приватност која дава повеќе информации во однос на обработката на личните податоци од страна на Визиомед.

Повеќе информации во врска со правата на корисниците како субјекти на лични податоци, како и начинот на кој се остварува грижата за безбедноста и заштитата на личните податоци, посетителите на viziomed.mk можат да најдат во нашата Политика за приватност.
Footer-Outline