Политика за приватност

Друштво за трговија и услуги ВИЗИОМЕД ГБГ ДООЕЛ Скопје (во овој текст: „Визиомед“, “Viziomed”, „ние“, „нас“ или „наше“), со објавување на оваа Политика за приватност, Ве уверуваме и се обврзуваме дека во целост ја почитуваме применливата законска регулатива за заштита на личните податоци и се грижиме за обезбедување на највисок степен на заштита на Вашата приватност и Вашите лични податоци, при користење на нашата веб страна https://viziomed.mk/.

Оваа Политика за приватност регулира и дефинира како ги собираме, користиме, откриваме и заштитуваме Вашите лични податоци. Со користење на оваа веб страна, се согласувате со собирање и користење на податоци и информации во согласност со оваа политика и применливата законска регулатива за заштита на личните податоци.

Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика за приватност пред да започнете со користење на веб страната на Визиомед. Со користење на веб страната, Вие се согласувате со оваа политика, потврдувајќи дека сте ја прочитале, разбрале и прифатиле и дека се согласувате со начинот на кој ги собираме, користиме, обработуваме, откриваме и заштитуваме личните податоци. Со секое повторно пристапување на веб страната, ќе сметаме дека се согласувате со оваа политика.

Што е личен податок?

Согласно Законот за заштита на личните податоци, „личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци). Физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, особено врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број, податоци за локација, интернет идентификатор, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

I. Категории на лични податоци кои се собираат

Доколку од Ваша страна е направена регистрација на оваа веб страна, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат единствено за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна.

Меѓу категориите на лични податоци што оваа Апликација ги собира, сама или преку трети лица, се собираат следниве:
- Име и презиме;
- Е-маил адреса.

II. Останати категории на корисници на кои може да им бидат доставени лични податоци

Вашите лични податоци се обработуваат само во рамки на нашата команија. По исклучок, во случаи и под услови предвидени со закон, може да ги доставиме Вашите лични податоци на следните категории на корисници:
- адвокати;
- нотари;
- извршители;
- судови;
- сметководители;
- други правни лица кои податоците ги употребуваат за остварување на права и интереси на субјектот на личните податоци (банки, осигурителни компании и слично);
- останати правни лица и овластени државни органи, установи и институции.

III. Начин и место на обработка на податоците

Начин на обработка

Контролорот презема соодветни безбедносни мерки за да спречи неовластен пристап, откривање, измена или неовластено уништување на податоците.

Правна основа на обработка

Контролорот може да ги обработува личните податоци кои се однесуваат на корисниците во случаи кога:
- корисниците дале согласност за една или повеќе специфични цели;
- обезбедувањето податоци е неопходно за извршување на договор со Корисникот и/или за какви било преддоговорни обврски од него;
- обработката е неопходна за усогласување со законска обврска на која подлежи Контролорот;
- обработката е поврзана со задача што се врши во јавен интерес или при вршење на службени овластувања доделени на Контролорот;

Обработката на личните податоци се врши исклучиво во согласност со позитивните прописи за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.

Место

Податоците се обработуваат во оперативните канцеларии на Контролорот и на сите други места каде што се наоѓаат страните вклучени во обработката.

IV. Рок на чување

Вашите лични податоци ќе ги чуваме онолку долго колку што е потребно за остварување на целите според оваа Политика за приватност. Личните податоци ќе ги чуваме само колку што е неопходно за усогласување со законските обврски, остварување на легитимни интереси и спроведување на нашите правила и политики. Некои лични податоци може да се чуваат подолго заради постапки пред надлежни државни органи и институции.

V. Цели на обработка

При пристапување и користење на оваа веб страна, ние собираме и обработуваме лични податоци врз основа на следните начела и гарантираме дека истите:
- Се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци („законитост, правичност и транспарентност“).
- Се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели („ограничување на целите“).
- Се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“).
- Се точни и, каде што е потребно, ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или корeгирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени („точност“).
- Се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат („ограничување на рокот на чување“).
- Се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).

VI. Заштита на лични податоци на малолетни лица

Лицата под 18 години, не смеат да дават лични податоци без претходна дозвола од страна на нивните родител(и) / старател(и). Контролорот не сноси одговорност во поглед на начинот на кој малолетните лица (деца) ракуваат со личните податоци. Одговорност за безбедно и одговорно ракување и управување со лични податоци на малолетни лица сносат нивните родител(и) / старател(и).

Контролорот нема намера да собира и обработува лични податоци на лица кои сеуште не навршиле 18 години возраст, без претходно добиена дозвола од нивните родител(и) / старател(и).

VII. Соработка со трети страни

При секоја Ваша посета и/или користење на нашата веб страна и/или апликација, не е исклучена можноста да наидете на веб страни на трети лица со кои соработуваме. Затоа, Ве известуваме дека доколку наидете на врски кои Ве упатуваат на други веб страни кои им припаѓаат на трети лица, ние не сме овластени да ја контролираме нивната содржина, ниту можеме да имаме увид во начинот на кој обезбедуваат заштита на личните податоци. Воедно, не сме одговорни за постапките на вработените или други лица кои се овластени да работат на веб страните кои се поврзани „кон“ и „од“ нашата веб страна и/или апликација. Секоја од овие веб страни може да има сопствена Политика за приватност, со која исто така препорачуваме да се запознаете.

VIII. Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Twitter, Instagram, YouTube, TikTok)

Преку користење на нашата веб страна, како корисници/посетители имате можност да бидете поврзани и да остварите интеракција преку користење на Вашите профили на социјалните мрежи: Facebook, Instagram, YouTube и TikTok.

IX. Правата на Корисниците (субјекти на лични податоци)

Вие, како субјект на лични податоци имате права во однос на заштита на Вашите лични податоци, како што се детално објаснети во Законот за заштита на личните податоци. Во оваа смисла, Ве известуваме дека во секое време имате право да се информирате / побарате / поднесете барање за:

- Дали се обработуваат Вашите лични податоци;
- Целите и правната основа за обработка на Вашите лични податоци;
- Категориите на лични податоци што се обработуваат, како и корисниците и категориите на корисници на кои се откриваат;
- Рокот на чување на Вашите лични податоци и/или критериумите за нивно одредување;
- Изворот на личните податоци кои не се дадени од Ваша страна;
- Логиката на автоматизираната обработка, вклучувајќи ги и можните последици од таква обработка;
- Можност за дополнување, измена или корекција на Вашите лични податоци ако се нецелосни, неточни или неажурирани;
- Можност за ограничување на обработката на Вашите лични податоци;
- Право да бидат избришани Вашите лични податоци;
- Право да ја повлечете претходно дадената согласност за обработка на личните податоци;
- Право да поднесете приговор за начинот на обработка на Вашите лични податоци;Право на добивање на копија од Вашите лични податоци.

Корисниците имаат право да поднесат барање пред нивниот надлежен орган за заштита на податоците, односно пред Агенцијата за заштита на личните податоци - https://dzlp.mk/.

X. Политика за колачиња

Колачиња или “cookies” се мали текстуални датотеки (делови од код), кои можат да се употребуваат со цел да се подобри корисничкото искуство при посета на веб страната. Колачињата функционираат на начин што при посета на веб страната или апликацијата, истата ги поставува колачињата на Вашиот уред заради чување на информации за Вашата посета.

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб страната, односно апликацијата од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата можат да содржат различни видови информации за Вашата посета на одредена веб страна, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за Вас, но можат да соберат информации за Вашите навики на пребарување.

Колачињата не се штетни и се временски ограничени.

Колачињата дозволуваат на страната која што ги поставува, да ги препознава корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.). Во најголем дел, колачињата го подобруваат Вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.

За време на Вашата посета на нашата платформа, во одредени случаи, ги собираме и обработуваме Вашите лични податоци преку колачиња. Од друга страна, има колачиња кои не ги собираат твоите лични податоци. Подесување на колачињата може да се направи преку опцијата „Поставки за колачиња“, каде може да се подесат колачињата кои не се задолжителни.

За повеќе информации околу користењето на колачиња можете да најдете на објавената Политика за користење колачиња.

XI. Промени во оваа политика за приватност

Контролорот го задржува правото да направи промени во оваа политика за приватност во секое време со известување на своите корисници на оваа страница и евентуално во рамките на оваа апликација и/или колку што е технички и законски изводливо испраќање известување до корисниците преку какви било информации за контакт достапни на Контролорот. Особено се препорачува често да ја проверувате оваа страница, повикувајќи се на датумот на последната измена наведена на днот на оваа страна.

Доколку промените влијаат на активностите за обработка што се вршат врз основа на согласност на Корисникот, Контролорот ќе обезбеди нова согласност од Корисникот, онаму каде што е потребно.