Peagastril е НОВ пристап кон проблемот на функционални гастроинтестинални заболувања базиран на палмитоилетаноламид, мелатонин и ‘ржани трици кои ја поддржуваат нормалната функција на цревата.
Пакување: 15 желатински капсули
Функционални гастроинтестинални заболувања: причини и пристапи без лекови кон нивното лекување.
Функционалните гастроинтестинални заболувања се карактеризираат со хронични тегоби како што се абдоминална болка, надуеност, дијареја, запек, лошо варење, гадење и други.
Двете најчести функционални гастроинтестинални заболувања кои зафаќаат помеѓу 16% и 26% од светската популација се синдром на иритабилни црева и функционална диспепсија.
Причините за нивното појавување можат да бидат многу разновидни и вклучуваат стрес, анксиозност, консумирање на одредена храна, генетска предиспозиција и други. Новите студии покажуваат присуство на благо хронично воспаление во цревата предизвикано од активирање на одредени имунолошки клетки како што се, на пример, мастоцитите.
Палмитоилетаноламид (PEA) е супстанца која нормално се формира во телото кога неговите клетки или ткива се изложени на штетни ефекти, стрес или траума. Докажано е дека PEA го инхибира ослободувањето на воспалителни медијатори од мастоцитите со нивно претворање од активни во клетки во мирување. Така, PEA го намалува воспалението во цревата и има аналгетски ефект.
Мелатонинот е познат како таканаречен „внатрешен часовник“ кај луѓето бидејќи го регулира спиењето и имунолошката функција. Покрај тоа, мелатонинот е моќен антиоксиданс кој ги отстранува и неутрализира слободните радикали произведени при благи хронични воспаленија, кои се вклучени во голем број болести, вклучувајќи синдром на иритабилни црева и функционална диспепсија.
Фактот дека концентрацијата на мелатонин во гастроинтестиналниот тракт е помеѓу 10 и 100 пати поголема отколку во крвта, покажува дека мелатонинот игра важна улога во дигестивниот систем со регулирање на гастроинтестиналната подвижност, врши локално антиинфламаторно дејство и ја намалува чувствителноста на цревата. Сето ова води до олеснување на болките во стомакот и надуеноста, а исто така го подобрува и сонот и расположението.
‘Ржните трици, богати со растителни влакна, ја регулираат цревната подвижност и помагаат во отстранувањето на токсините и штетните материи од гастроинтестиналниот тракт.
Активни состојки: Во 1 капсула
Палмитоилетаноламид (PEA, микронизиран амид на заситени масни киселини): 200 мг
Мелатонин: 2 мг
Трици од ‘рж со 50% содржина на влакна: 100 мг
Препорачана дневна доза и времетраење на употреба: 1 капсула наутро околу 30 минути пред оброк и 1 капсула навечер пред спиење во тек на 1-2 месеци. Потоа продолжете да земате 1 капсула пред спиење во тек на 1-3 месеци.
Контраиндикации: Не се употребува за време на бременост и доење. Да не се употребува при преосетливост кон некоја од состојките.
Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза! Да се чува подалеку од дофат на мали деца.
Услови на чување: Во оригинално пакување, заштитено од светлина и влага, на температура до 25°C.
Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по истекот на рокот на употреба.
Производот не е замена за разновидна и избалансирана исхрана.