Silaut е медицинско средство наменето за третман на микролезии предизвикани од хуманиот папилома вирус (ХПВ) или сувост на вагиналната слузница.
Целта на оваа заштитна крема е да формира бариера која помага да се подобри процесот на заздравување на интраепителните лезии предизвикани од ХПВ. Кремот исто така го поддржува процесот на повторна епителизација и помага да се отстранат мртвите клетки, одржувајќи ги присутните лезии чисти. Погоден е за контролирање на цервикално-вагинални лезии, воспалителни и дистрофични промени и интраепителни лезии.
Намена:
Пакување:
Туба од 30ml со 6 канили за еднократна употреба за вагинално нанесување
Активни состојки:
Docosanol
Kurkumin
Embilica Officinalis
Млечна киселина
Polidokanol
Gliceril laurat
Масни киселини C12-20 (8) OE
Dinatrium EDTA
Imidazolidinil urea
Natrium dihloracetat
Вода
Metil-etil-propil-butil parahidroksibenzoat
Вазелинско масло
CM Betaglukan
Aloe Vera gel
Дозирање и начин на употреба:
1 вагинално нанесување (со канила) 6 дена по ред.
После третман на кондиломи на вулвата: 2 нанесувања (без канила) дневно, 6 дена по ред.
Во случаи на печење или чешање: 1 вагинално нанесување (со канила) или на вулвата (без канила) дневно.
Во случај на Сквамозни Интраепителни Лезии (SIL) педизвикани од HPV вирус:
Прва недела: 1 вагинална аппликација (со канила) во текот на 6 дена.
Следните недели: 1 вагинална апликација (со канила) 2 пати неделно во тек на 3-6 месеци.
Начин на употреба со помош на канила:
1.Да се пробуши тубата со помош на перфораторот на капачето;
2.Да се прицврсти вагиналниот апликатор;
3.Да се стиска тубата додека апликаторот не се наполни до крај;
4.Да се отстрани апликаторот од тубата, да се внесе во вагината и да се стисне клипот до крај; 5.Отстранете ги апликаторот и клипот. Канилите се за еднократна употреба, и по употребата треба да се фрлат.
Предупредување:
Апликаторот (канилата) е за еднократна употреба. По употреба канилата треба да се фрли. Природните состојки кои се во состав на медицинското средство содржат боја и поради тоа треба да се внимава за време или по апликацијата да не се исфарба облеката. Да не се употребува во случај на алергија кон некоја од состојките. Да не се употребува по истек на рокот за употреба. Да не се употребува производот ако тубата е оштетена. Рокот на траење се однесува на неотворен и соодветно чуван производ. Да не се голта. Да се чува надвор од дофат на деца. Измијте ги рацете пред и по употреба. Не го употребувајте во случај на потврдена преосетливост кон некоја од состојките. За локална употреба. Да се чува заштитено од светлина на ладно и суво место. Жените во период на бременост како и оние кои ја планираат својата бременост треба да се консултираат со својот лекар пред употреба на медицинското средство. Во случај на појава на пецкање или упорно чешање, консултирајте се со Вашиот лекар.
Услови на чување: На температура помеѓу 15-25°C. Да се чува заштитен од сончева светлина и влага. Да се чува на суво место, недостапно за деца.
Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по истекот на рокот на употреба.
Продажни места:
Нашите производи се достапни во сите подобро снабдени аптеки и аптекарски синџири!
Производител:
Labomar S.r.l. , Via N. Sauro, 35/l, 31036 Istrana (TV), Italy