Thyrohelp

Опис

Thyrohelp претставува специјално дизајнирана формула која вклучува аминокиселина L-тирозин, цинк, селен, витамин Д и стандардизиран екстракт од куркума, кои придонесуваат за нормално функционирање на тироидната жлезда и имунолошкиот систем.

Намена

Што и помага, а што и штети на тироидната жлезда?

Thyrohelp придонесува за регулирање на функцијата на тироидната жлезда и нормален метаболизам на масти и јаглехидрати на природен начин со само 1 капсула на ден.

Секоја состојка поединечно е избрана поради нијзиниот висок безбедносен профил, природно потекло и цврсти докази за ефикасност.

-Според неодамнешните проценки, над 5% од дисфункциите на тироидната жлезда остануваат недијагностицирани. Ова е особено точно за постарите лица, каде што процентот е до двојно поголем. Околу 2/3 од недијагностицираните дисфункции на тироидната жлезда се видови на хипотироидизам (Lucas, A., et al., 2010; Diab, N., et al., 2019).

-Полот што е повеќе изложен на ризик е дефинитивно понежниот, при што жените имаат до 10 пати поголем ризик од хипотироидизам и до 12 пати поголем ризик од хипертироидизам во споредба со мажите. (Vanderpump, M., 2011; Diab, N., et al., 2019).

L – TYROSINE

Телото го користи тирозинот во комбинација со јод за производство на тироидни хормони тироксин (Т4) и тријодотиронин (Т3). Затоа, додавањето на L-тирозин (еден од природните изомери на аминокиселината) кај пациенти со хипотироидизам е вообичаена практика.

Во студија од 2007 година, (Palinkas et al.) откриле дека додавањето на  L-тирозин ги зголемила нивоата на Т3 кај 85 волонтери изложени на стрес. Дополнително, нивоата на TSH биле намалени, кои високи нивоа најчесто се поврзуваат со хипотироидизам и хроничен стрес.

L-тирозинот значително ја подобрува и зачувува будноста, психомоторната функција и когницијата во екстремни ситуации и при хронична депривација на сон (Deijen, et al., 1999; Neri, et al., 1995). Овие ефекти веројатно се должат на неговите ефекти врз голем број невротрансмитери и хормони како што се мелатонин, допамин и/или норадреналин, и би можеле да бидат од клиничка важност за пациенти кои страдаат од хипотироидизам.

CURCUMIN (екстракт од Curcuma longa)

Антиоксидантните и антиинфламаторните својства на куркуминот се добро проучени (Venugopal & Sudheer, 2007). Благодарение на нив, неодамна, беше откриено дека стандардизираниот екстракт од куркума може да ја заштити тироидната жлезда од оштетување и на тој начин да придонесе за одржување на стабилни нивоа на тироидни хормони (Abdelaleem, M, et al., 2018).

Зголемените нивоа на Т3 можат да предизвикаат зголемен оксидативен стрес во телото, а куркуминот е докажано дека ефикасно се спротивставува на овој стрес и неговите придружни негативни ефекти (Samanta, L, et al., 2010).

Бенигните тироидни нодули се едни од најчестите ендокрини нарушувања. Неодамнешно испитување од Романија покажа дека суплементацијата со куркумин значително ја намалила големината на овие нодули по само 6 недели терапија (Stancioiu, F, et al., 2019).

– Хипотироидизмот е сè поважна тема на истражување во контекст на епидемијата на дебелина. Добро е познато дека тироидните хормони ги регулираат речиси сите главни метаболички патишта и нивните нивоа имаат директно влијание врз метаболизмот на мастите, јаглехидратите и протеините (Pucci, E., et al., 2000).

-Откриено е дека дури и минималното намалување на функцијата на тироидната жлезда може да го зголеми ризикот од дебелина (Knudsen, N., et al., 2005) и сè повеќе студии наоѓаат врска помеѓу хипотироидизмот, зголемувањето на телесната тежина и други манифестации на метаболички синдром (Teixeira, et al., 2020).

ZINC (цинк)

Минералот цинк е тесно поврзан со функцијата на тироидната жлезда на повеќе начини. Кога нивоата на цинк во телото се ниски, тој го инхибира производството на THR и TSH, што доведува до ниски нивоа на T4 и T3. Цинкот е исто така компонента на ензимот дејодиназа, кој го претвора T4 во функционален T3. Ако телото е дефицитарно или има недостаток од минералот, производството на T3 е нарушено или дури и невозможно. (Baltaci, A, et al., 2004; Khanam, S, 2018; Severo, J, et al., 2019).

Познато е дека цинкот е исто така потребен за нормално функционирање на рецепторот за T3, а ниските нивоа на цинк во овој рецептор можат да доведат до нарушена функција на T3 (Freake, H, et al. 2001).

Понатаму, ниските нивоа на цинк се поврзани со зголемен автоимунитет – пациентите со нарушена тироидна функција и со недостаток на цинк имаат високи нивоа на антитела против тироидната жлезда – TPO и Tg (Ertek S, et al. 2010).

Неколку извештаи сугерираат дека недостатокот на цинк е причина за субклинички хипотироидизам. Додавањето на цинк кај пациенти со Даунов синдром ја подобрува функцијата на тироидната жлезда (Napolitano, G, et al., 1990). Животинските модели покажаа дека хипотироидизмот води до нарушена апсорпција на цинк (Chen, S, et al., 2005). Додавањето на цинк има корисни ефекти врз нивоата на тироидните хормони (особено вкупниот Т3), нивото на метаболизам (Maxwell, C. & Volpe, SL, 2007) и голем број симптоми поврзани со хипотироидизам, како што се депресија, намалена ментална острина, опаѓање на косата, намален апетит и кожни лезии (Betsy, A, et al., 2013).

Студија од 2015 година на 68 жени со хипотироидизам покажа дека внесот на цинк ги зголемува нивоата на слободен Т3, а комбинацијата на цинк и селен доведе до значително намалување на TSH и зголемување на Т4 (Mahmoodianfard, S, et al., 2015).

SELENIUM (селен)

Дали знаевте дека тироидната жлезда е органот со највисоки нивоа на селен во целото тело? Добро е познато дека одржувањето на нормални физиолошки нивоа на селен е клучно за нејзино правилно функционирање и спречување на заболувања на тироидната жлезда (Ventura, M., et al., 2017).

Ниските нивоа на овој минерал ги влошува негативните последици од недостаток на јод (Arthur, JR, 1991), тие се поврзани со субакутен тироидитис, како и со најчестите малигни тумори на тироидната жлезда – папиларен и фоликуларен карцином (Moncayo, R., et al., 2008).

Неодамнешна студија направена кај над 6000 луѓе покажа дека ниските нивоа на селен во серумот се поврзани со зголемен ризик од автоимун тироидитис и хипотироидизам (Wu, Q., et al., 2015).

На повеќе наврати е докажано дека суплементацијата со селен може да придонесе за намалување на антителата против тироидната жлезда, подобрување на ултразвучната структура на тироидната жлезда и поволно влијание врз автоимуниот тироидитис, вклучувајќи го и Хашимото (Toulis, KA, et al., 2010; Drutel, A., et al., 2013; Ventura, M., et al., 2017).

VITAMIN D

Недостаток и инсуфициенција на витамин Д се чести состојби поврзани со автоимуни заболувања на тироидната жлезда, како што е Хашимотовата болест. Понатаму, докажано е дека голем број тумори на тироидната жлезда се поврзани со нарушена сигнализација на витамин Д (Kim, D., 2017).

Инциденцата на недостаток на витамин Д е значително поголема кај пациенти со автоимун тироидитис и веројатно игра улога во патогенезата на нивната состојба – пронајдена е и значајна корелација помеѓу присуството на антитела против тироидната жлезда и недостатокот на овој витамин растворлив во масти (Kivity, S., et al., 2010).

Други студии покажаа дека пациентите со Хашимото тироидитис имаат покачени нивоа на истите воспалителни молекули, чии што штетни ефекти се ефикасно блокирани од соодветни нивоа на витамин Д во серумот (Mikos, H., et al., 2017; Sun, L., et al., 2016; Makariou, S., et al., 2011).

Досега, доказите што го поддржуваат витаминот Д како потенцијално оружје во борбата против автоимуните заболувања на тироидната жлезда се ветувачки. Неколку клинички испитувања покажаа дека суплементацијата со холекалциферол има корисни ефекти врз нивоата на антитела против тироидната жлезда и Т4 (Chaudhary, S., et al., 2016; Simsek, Y., et al., 2016; Chaudhary, S., 2018).

Состав

Активни состојки:

Л-тирозин (протеиногена аминокиселина): 250 мг

Екстракт од куркума (Curcuma longa, 95% куркумин): 75 мг

Цинк (цинк сулфат – 41,66 мг): 15 мг

Селен (натриум селенит): 100 мкг

Витамин Д (холекалциферол): 10 мкг

Употреба

Препорачана дневна доза: 1 капсула дневно.

Контраиндикации: Не се употребува за време на бременост и доење. Да не се употребува при преосетливост кон некоја од состојките.

Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза! Да се ​​чува подалеку од дофат на мали деца.

Услови на чување: Во оригинално пакување, заштитено од светлина и влага, на температура до 25°C.

Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по истекот на рокот на употреба.

Footer-Outline