Bongen

Bongen е граничен производ во форма на ампули наменет за одржување на нормалниот состав и функција на зглобовите.

Bongen во својот состав содржи 6 состојки, меѓу кои:

  • Колаген тип II го балансира имунолошкиот систем и го намалува воспалението, што резултира со намален оток и болка во зглобовите и подобрена подвижност на зглобовите.
  • Хијалуронска киселина е важна структурна компонента на зглобната ‘рскавица. Апсорбира вода и е одговорна за флексибилноста и еластичноста на ‘рскавицата и за нејзината отпорност на удар и движење.
  • Витамин Ц заедно со хидролизираниот колаген тип II ја стимулира синтезата на колаген и хијалуронска киселина од страна на клетките во зглобовите и со тоа ги обновува оштетените зглобови.
  • Витамин Б3 е клучен витамин за здравјето на луѓето кој е вклучен во метаболизмот на јаглените хидрати, протеини и масти и помага во санирање на оштетената ДНК.
  • Витамин Д3 игра важна улога во коскениот метаболизам на калциум и фосфор. При додавање на витамин Д3 на организмот, болката се намалува побрзо и зглобовите се обновуваат.
  • Силициум (Si) е основен елемент кој ја поддржува нормалната функција на сврзното ткиво на зглобовите.

Намена:

  • Остеоартрит – профилакса на акутен и хроничен стадиум
  • Остеопороза – жени од првата година на менопаузата па понатаму
  • Постоперативен период – во ортопедија и трауматологија, за заздравување на трауматизираните ткива
  • Терапија на дегенеративна и воспалителна симптоматологија на рбетниот столб и останатиот коскено зглобен систем.
  • Профилакса кај лица кои вршат секојдневна тешка физичка активност, вклучувајќи спортисти.

Пакување:

10 ампули x 10мл

Сподели:

Активни состојки: Во 1 ампула

Хидролизиран колаген тип II – 1000 mg

Витамин Ц (L-аскорбинска киселина – антиоксидант) – 500 mg

Хијалуронска киселина – 50 mg

Витамин Б3 (никотинамид) – 16 mg NE

Сув екстракт од бамбус со содржина на Силициум – Si 11,25 mg – 15 mg

Витамин Д3 (холекалциферол) – 10 μg

Помошни состојки: вода, фруктоза, калиев сорбат (конзерванс),сукралоза (вештачки засладувач), арома на портокал.

Препорачана дневна доза: 1 ампула на ден пред појадок.

Само за пиење: протресете пред употреба.

Времетраење на употреба: За оптимален ефект се препорачува производот да се употребува 3-6 месеци.

Контраиндикации: Да не се употребува за време на бременост, доење и кај деца под 12 години. Не користете во случај на преосетливост кон која било од состојките.

Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза! Да се ​​чува подалеку од дофат на мали деца.

Услови на чување: Производот да се чува во оригинално пакување, заштитено од светлина и влага, на температура до 25°C, надвор од дофат на деца.

Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по истекот на рокот на употреба.

Продажни места:

Нашите производи се достапни во сите подобро снабдени аптеки и аптекарски синџири!

Производител:

Plantapol S.L. · Pol. Ind. Malpica Alfindén, G 18 50171 – La Puebla de Alfindén, Zaragoza; Шпанија

Дознајте повеќе 1

Дознајте повеќе 2