Nasaleze Cold and Flu Blocker спрејот е наменет за употреба против настинка и грип и е клинички докажан, природен назален спреј во облик на прав.
Nasaleze Cold and Flu Blocker доведува до брза и ефикасна заштита.
Nasaleze Cold and Flu Blocker претставува уникатна мешавина на силен, природен анти-вирусен состав. Nasaleze Cold and Flu Blocker се претвара во гел во носот и делува како бариера која ги блокира бактериите и вирусите кои се пренесуваат преку воздухот.
Состав – Содржи природен целулозен прав, прав од екстракт на лук (PGE) и мента во облик на прав.
Како делува Nasaleze ?
Nasaleze Cold and Flu Blocker ги заробува, абсорбира и неутрализира микроорганизмите од воздухот, и на тој начин ја стопира причината за инфекцијата, што е подобро отколку потоа да ги третирате симптомите од истата, и тоа без познати несакани ефекти.
Кој може да го употребува Nasaleze ?
Nasaleze може соодветно да го користат возрасни, бремени жени и доилки како и деца над 3 годишна возраст под надзор на возрасен. Да се држи подалеку од дофат на мали деца.
Мерки на претпазливост:
Да не се користи ако заштитната обвивка е оштетена. Секогаш затварајте го поклопецот и чувајте го производот на суво место. Ако производот е отворен, може да се користи 6 месеци. Ако прашокот ви навлезе во очите измијте ги со вода. Во случаи на несакана реакција консултирајте се со Вашиот лекар. Да не се измива шишенцето со вода или други течности, бидејќи тоа може да ја блокира млазницата или оштети.
Ако никогаш претходно не сте го употребувале производот…
Nasaleze е назален спреј во облик на прав, не е течност.
Потребно е мало запознавање за начинот на употреба кога прв пат ќе почнете да го користите Nasaleze, за да ги добиете најдобрите резултати.
Пред првата употреба, корисно е да го пробате притисокот потребен за да ја администрирате идеалната доза, што е отприлика 10-15 см прашок.
Протресете го шишенцето, отстранете го капачето, оддалечето го од себе и енергично стиснете го шишенцето во воздух.
Како се употребува Nasaleze ?
1. Издувајте го носот за да го исчистите.
2. Пред секоја употреба, секогаш протресете го шишенцето.
3. Отстранете го капачето.
4. Наместете ја млазницата од шишенцето внатре во едната ноздрва и притеснете со оној притисок што го пробавте, додека нежно вдишувате.
5. Повторете го чекорот број 4 во другата ноздрва.
6. Повторувајте ја постапката секој пат кога ќе го издувате носот.
Родителите можат да го аплицираат производот на своите деца следејќи ги претходните чекори.
Ако Ви се чини тешко да го стиснете шишенцето употребете ги двете раце, но направете тест за да проверите колку притисок е потребен за да ја администрирате потребната доза од 10-15 см прашок.
Nasaleze Cold and Flu Blocker е препорачано да се користи три пати дневно во текот на сезоната на настинки и грип. Но употребата може слободно да се наголемува и намалува во зависност од сериозноста и изложеноста на бактерии и вируси.
Што ако веќе сте настинале?
Nasaleze Cold and Flu Blocker е докажано дека го намалува периодот на траење на настинката и грипот и затоа започнете да го употребувате веќе при првите знаци на настинка и грип.
За да се добијат најдобри резултати од Nasaleze спрејот, најважно е да се одржува ефикасната бариера во носот секогаш кога сте изложени на бактерии и вируси – во средини како училишта, болници и јавен превоз.
Начин на чување:
Чувајте го шишенцето и особено млазницата секогаш суви. Не го измивајте шишенцето со вода или некоја друга течност бидејќи ова може да го запуши.
800mg
За повеќе информации за Nasaleze посетете ја веб страницата: www.nasaleze.com
Нашите производи може да се најдат во сите подобро снабдени аптеки и аптекарски синџири.