Livuron Forte

Livuron Forte е граничен производ во форма на капсули наменет за обновување на нормалната функција на црниот дроб и регенерација на неговото ткиво.

Livuron Forte во својот состав содржи 6 состојки, меѓу кои:

  • Уридин монофосфат има многубројни ефекти, од него се добиваат мноштво биолошко активни молекули како РНК, гликопротеини и фосфолипиди и на тој начин го поддржува нормалното функционирање и обновување на клетките на црниот дроб.
  • Холин е важен дел од митохондријалната мембрана на клетките на црниот дроб, неговиот недостаток доведува до оштетување на црниот дроб. Поради тоа е важно да се зема во соодветни количини.
  • Витаминот Е претставува еден од најмоќните антиоксиданти кој ги заштитува од оштетување клеточните мембрани на клетките на црниот дроб.
  • Фолната киселина, исто така наречена Витамин Б9, е една од најважните витамини за здравјето. Вклучена е во синтезата на молекулите на ДНК, РНК и протеините и со тоа ги поддржува клетките на црниот дроб за време на нивната нормална функција и процес на закрепнување.
  • Витаминот Б12 се акумулира во црниот дроб и при негово оштетување доаѓа до намалување на неговите резерви. Редовното внесување на витамин Б12 го штити црниот дроб од оштетување и го поддржува неговото нормално функционирање.
  • Силимарин има добро проучени протективни ефекти врз црниот дроб, дејствувајќи и како антиоксиданс и со тоа што го спречува влезот на разни токсични материи во клетките на црниот дроб и со тоа ги заштитува.

Намена:

  • Алкохолна болест на црниот дроб
  • Црнодробна стеатоза
  • Вирусен хепатит
  • Инсуфициенција на црниот дроб
  • Фиброза и Цироза на црниот дроб
  • Токсично оштетување на црниот дроб
  • Други заболувања на црниот дроб

Може да се употребува и како превенција за оштетување на црниот дроб при:

  • Редовна консумација на алкохол
  • Долготрајна употреба на лекови
  • Работа во токсична средина

Пакување:

24 капсули

Сподели:

Активни состојки: Во 1 капсула

Холин цитрат (со содржина на Холин 83мг) – 237,14мг

Сув екстракт од бел трн (Silybium marianum) со содржина на Силимарин (Silymarin) 134мг – 167,5мг

ДЛ-алфа-токоферол ацетат (со содржина на Витамин Е (алфа ТЕ 50мг) – антиоксидант – 100мг

Уридин монофосфат – 75мг

Птероилмоноглутаминска киселина (со 100% содржина на фолна киселина) – 400µг

Витамин Б12 (цијанокобаламин) – 6µг

Помошни состојки: стабилизатор – малтодекстран, емулгатори – магнезиум стеарат и микрокристална целулоза.

Препорачана дневна доза: 1 капсула на ден.

Времетраење на употреба: 3 до 6 месеци

Контраиндикации: Да не се употребува при бременост , доење и кај деца под 6 годишна возраст. Да не се употребува при пречувствителност кон некоја од состојките.

Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза! Да се ​​чува подалеку од дофат на мали деца.

Услови на чување: На суво место на температура под 25°C

Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по истекот на рокот на употреба.

Продажни места:

Нашите производи се достапни во сите подобро снабдени аптеки и аптекарски синџири!

Производител:

Plantapol S.L. · Pol. Ind. Malpica Alfindén, G 18 50171 – La Puebla de Alfindén, Zaragoza (Spain)

Дознајте повеќе 1

Дознајте повеќе 2